Култура

Познатиот режисер Фатих Акин пристигна во Битола како специјален гостин на ИФФК „Браќа Манаки“

Попладнево во Битола пристигна специјалниот гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин.

 Фатих Акин е специјален гостин на годинашново издание на „Браќа Манаки“, каде што утре (17 септември) во рамки на фестивалската програма ќе се одржи разговор со него и со Рајнер Клаусман, кинематограферот кој работи само со Акин.

Фатих Акин е германец со турско потекло. Тој на неполни 25 години, со својот прв долгометражен игран филм ”Кратко и безболно”/”Kurz und Schmerzloss” го освојува Бронзениот леопард во Локарно, а истата година е добитник на престижната германска награда за најдобар млад режисер на Баварија. 

Од 2002 со “Солино”/„Solino”, Фатих Акин започнува една нова соработка со извонредниот кинематографер, Рајнер Клаусман, со кого стануваат водечки европоски и светски тандем, а тој лично започнува една нова авторска одисеја вонеговата сценаристичка и режисерска постапка, каде што во прв план е значењето на обичниот човек во градење на замисленото мултикултурно општество. Со филмот “Со глава в sид“/”Head –on” (за кој во Битола на Браќа Манаки, кинематограферот Рајнер Клаусман ја освои Златната Камера 300), тандемот продолжува да го гради својот култ особено меѓу помладата публика и за овој филм во 2004 година ја освојуваат Златната берлинска мечка за најдобар филм и Европска та филмска награда. Продолжуваат со филмот „На работ на рајот“/”The Edge of Heaven” (Рајнер Клаусман е во компетицијата на Браќа Манаки), за кој Акин е награден за најдобро сценарио во Кан во 2007 година. „Soul kitchen” им е овенчан со специјално признание на жирито на Венецискиот фестивал во 2009 година, за во 2012, Акин да не’ предизвика со долгометражниот документарен филм „Загадување на рајот“/”Garbage in the Garden of Eden”, а со епскиот филм „Рез“/”Cut”, тргнувајќи од својот турски бекграунд како морална обврска, Акин одважно го апсолвира историскиот синдром за геноцидот врз Ерменците. Со ангажираната драма „Од ништо“/”In the Fade” (кинематограферот Рајнер Клаусман во Компети цијата на Браќа Манаки во 2017 ја освојува Сребрената Камера 300, а во 2018, на 39 Браќа Манаки, Клаусман беше член на интернационалното жири), а потоа го добиваат и Златниот Глобус за најдобар странски филм во 2017 година. Нивниот најнов филм „Златната ракавица“/”Golden Glove” (2019), иснпириран од вистински настан, споредроманот на Хајнц Штрук/Heinz Ѕtrunk ја шокираше и критиката и публиката во Берлин годинава, никого не остави рамнодушен.

 Инаку, го нарекуваат германскиот enfant terrible од турско потекло, вечно насмеаниот Фатих Акин освен што е режисер е и  сценарист, продуцент, актер… некои велат и извонреден DJ.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *