Култура

Виена ги пренаменува улиците во зелени оази

После објавената интерактивна карта Urban Heat Vulnerability Map која прикажува температури и т.н. топлински острови, градските власти во виенските окрузи одлучиле да делуваат. Со помош на картата е утврдено дека најтоплите места во градот се во 3-от, 10-от и 16-от округ. Веднаш започнал пилот-проект чија цел е на граѓаните да им го олесни животот за време на летните горештини. Улиците во трите наведени виенски окрузи така се претворени во зелени оази со места за одмор, игра, дружење и разговор.

Улиците се избрани според нивната положба и количината зеленило која во нив се наоѓа т.е. оние улици со многу ладовина имаат предност. Потоа се претворени во пешачки и велосипедски зони, а на некогашните паркинг-места поставени се тегли со билки, клупи, столови и маси, а монтирани се и гумени цевки кои испуштаат фина водена магла која ги разладува минувачите. Сите три локации се посетувани и од службени лица кои се грижат за ред и мир.

Цел на овој проект не е само олеснување на граѓаните на Виена при поднесувањето на летните горештини, туку и враќање на јавниот простор на граѓаните и создавање места на кои ќе можат да се дружат. После неговото завршување градските власти ќе ги евалуираат постигнатите резултати и ќе донесат одлука за тоа дали овој проект ќе продолжи или може да се пронајде некое уште подобро и поодржливо решение.

Извор: http://www.h-alter.org

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *