Култура

Јесим Устаоглу: „Направивме добра соработка со Влатко Стефановски“

Вчера, на фестивалот на Интернационалниот филмски фестивал за дебитантски филм „Киненова“, во Кинотека на Македонија, беше прикажан филмот „Патување до сонцето“ на турската режисерка Јесим Устаоглу, којашто после проекцијата на филмот, заедно со Влатко Стефановски, кој е автор на музиката во филмот, зборуваа за нивната соработка и одговараа на поставените прашања. 

„Мислам дека направивме добра соработка со Влатко Стефановски. Тој направи музика којашто го подржуваше и го надополнуваше филмот. Кога имаше патување, музиката го подржуваше филмот, кога имаше тага, смрт пријателство, исто така музиката ја имаше улогата да ги потенцира и засили емоциите, рече турската режисерка Јесим Устаоглу, која е член на жирито оваа година на „Киненова“, коешто ќе одлучува за главните награди на филмовите што ќе бидат прикажани во официјалната програма.

Влатко Стефановски рече дека досега компонирал музика за 17 филмови и секогаш соработката на секој одделен филм доаѓала на некој чуден необјаснлив начин. Има многу различен пристап од страна на режисерите: некои објаснуваат во главни црти што сакаат и ти даваат слобода во работата, некои бараат конкретни работи, конкретна музика, додека пак некои одат толку во детали што малтене тие сами ја „компонираат“ музиката. Музиката не треба да е „приметна“ во филмот, туку таа треба да го надополнува на некој начин, треба да е таму каде што треба и кога треба, за да ги засили чувствата и да ги потенцира, искристализира емоциите. 

Во филмот „Патување до сонцето“ се раскажува за Мехмет, млад туски мигрант, од селото Тире, близу Измир, работи како истражувач на вода на пукнатите цевки под улиците на Истанбул. При едно патување во градски автобус, седнува до него, еден млад човек, кого го гони полиција. Тој успева да избега од автобусот, оставајќи го пиштолот до Мехмет. Полицијата го апси Мехмет и мисли дека е тој курдски терорист. Тој поминува една недела во затвор, каде е претепан. По пуштањето од затвор, веќе никој не сака да си има работа со него. Го отпуштаат од работа, го бркаат од станот…Единствено неговата девојка останува со него која и му помага да го земе телото на неговиот курдски пријател, кој е убиен од страна на полицијата. Мехмет го носи телото во родното село на неговиот починат пријател, Зордуш коешто се наоѓа на границата спрема Ирак. По пат со соочува со многу контроли од страна на полицијата. Кога пристигнува во Зордуш, го наоѓа селото потопено во вода. Тогаш сфаќа зошто толку многу Курди се бегалци. 

До крајот на фестивалот ќе бидат прикажани уште два филма од Јесим Устаоглу, со што ќе се заокружи претставувањето на возбудливи автори од современата турска кинематографија. Во понеделник ќе биде прикажан нејзиниот филм „Сомнеж“, коешто се смета за нејзино најзрело и последно дело, каде таа се јавува и како сценарист и следната вечер, во вторник, ќе биде прикажан нејзиниот филм, во кој заедно со Сема Кајгусур го пишуваат сценариото за „Пандорината кутија“, снимен во 2008 година.

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *