Култура

Со доделување на наградите, завршува официјалниот дел од програмата на филмскиот фестивал „Киненова“

Вечерва на фестивалот „Киненова“ ќе бидат доделени наградите од официјалниот дел од програмата на фестивалот а потоа ќе биде прикажан филмот „Застарениот случај Хамарскјелд“, филм на данскиот новинар, писател и филмаџија, Мадс Бругер (Mads Brügger). Филмот е работен во копродукција со Данска, Шведска и САД. Филмот говори за еден од најважните и најценети шведски политичари Даг Хамарскјелд, кој заедно со поголемиот дел од екипажот загина во авионска несреќа. Како се развива истрагата, така случајот стар повеќе од 50 години, добива нова димензија. Овој автор имал сила и храброст да го отвори повторно овој случај со лични истражувања и да донесе на виделина една вешто сокриена вистина со својот брилијантен и наградуван документарен филм. Проекцијата е во 20 часот во Кинотека.

Претходно публиката ќе може да погледне уште еден филм од Јесим Устаоглу, турска режисерка која годинава е член на жирито на „Киненова“ и чии филмови беа прикажани во програмата „Посветено на…“.

Во 18 часот во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан третиот нејзин филчм на овој фестивал, со наслов, „Пандорината кутија“. Кога старата Нусрет заболува од Алцхајмерова болест, тоа е аларм за нејзините три деца да дојдат во местото каде се родиле и израснале и да ја донесат во Истанбул за да се грижат за неа. Во тие моменти Пандорината кутија се отвора и на површина излегуваат сите семејни тајни. Филм кој ги воодушеви сите на престижниот фестивал во Сан Себастијан, а критичарите во написите ја спореди филозофијата на режисерката Устаоглу со големите мислители на 20 век, Хајдегер и Дерида. Во следните неколку дена ќе биде прикажана унгарската кинематографија, како и повторна проекција на филмот „Медена земја“ која е закажана за во недела (13 октомври) во 18 часот.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *