Култура

Доделени наградите на 18. издание на „Синедејс“

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Зад хоризонтот“ на Делфин Лариси во киното Милениум е затворен 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „CINEDAYS“. Годинешниот 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „CINEDAYS“ на својот репертоар имаше 97 филмски проакции, шест работилници, две промоции на книги, една изложба на фотографии и седум концерти.  Фестивалот траеше девет дена.

 

 

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди:

Во официјална селекција, наградата „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби филмот „Лилијан“ од Андреас Хорват, Австрија.

Наградата „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија, ја доби филмот „Орај“ во режија на Мехмет Акиф Баукаталеј, Германија

Наградата  „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Моуниа Медоур, сценарист и режисер на филмот  „Душичка“, Франција, Алжир, Белгија, Катар.

Специјално признание  му беше доделена на филмот „Орај“ на Зејхун Демиров за инзвонредниот актерски перформанас во филмот.

Во селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Сестра“ во режија на Светла Кокоросова, Бугарија.

Специјално признание доби и  филмот „Куќата на агата“ во режија на Лендита Зекирај, Косово, Хрватска, Франција, Албанија.

Награда за Најдобра филмска музика му припадна на композиторот Михаил Новински за филмот „Со остар нож“ од Теодор Кун.

Награда за Најдобар студентски филм ја доби филмот „Бела соба“во режија на Младен Станиќ.

Наградата Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал, му припадна на филмот „Душичка“, на Моуниа Медоур, Франција, Алжир, Белгија, Катар.

„Заврши полнолетното издание на „CINEDAYS“ и со задоволство можеме да почнеме да го подготвуваме следното, бидејќи ова издание го следеше повеќе од 12 000 публика, имавме 100 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот. Гласот за овој фестивал допира се подалеку, дигиталната комуникациска стратегија ги покажа своите бенефити и знаеме дека се движиме во вистински правец“ – изјави Русе Арсов, в.д. директор на Младинскиот културен центар.

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *