Култура

Најлековити три билки, лек за сите болести

Tревките ќе не’ спасат од болести, a овие три тревки се сметаат за најмоќни меѓу лековитите чаеви.

Троскот

Троскотот е лековито растение коешто буквално може да се најде насекаде. Не постои ниту една градина без неа. Забележете, мачките и кучињата често ја јадат. За човекот таа е непроценлив подарок, бидејќи го обновува пореметувањето на метаболизмот.

Варениот троскот лечи цисти, уринарни инфекции, исфрла каменчиња од бубрези и желудник, лечи болести на белите дробови, хроничен бронхит, цревни болести, дијабетис, хипертензија. Едноставно не постои контраидикција. Здрава е и повкусна од пченица. Од сувиот троскот може да се направи кафе или каша.

Глуварче

Глуварчето исто така е многу лековито растение. На пролет  треба да наберете млади листови од глуварче, да ги потопите во вода за да се ослободите од горчината и од нив да направите салата. Тој лист може и да го варите, а коренот може да го испечете со компир.

Листовите од глуварчето лечат од анемија, рак на желудникот и јетрата, артритис, остеопороза, запаление на лимфните чворови…

Наесен доколку видите глуварче кое не е процветано, ископајте го коренот и исушете го – тоа е вистинско богатство.

Чичок

Додека ракот ги убива луѓето, чичокот е билка која се бори со сите тумори.

Според зборовите на Зицева може да излечи: дијабетис, бронхитис, артритис, реуматизам, остеопороза, фрактура на коските, ретки болести, па дури и хепатит Ц.

Чичокот лечи тумор и цироза на јетрата. Помага во намалувањето на холестеролот, ги лечи бубрезите, исфрла каменчиња од бубрезите и жолчката.

Коренот од чичокот спречува грип и ја нормализира температурата. Чајот од  коренот од чичок и цветот од липа успешно лечат грип и настинка.

Од сувиот и мелен корен може да се испече леб и да се свари каша, а од листовите може да се направи вкусна супа или салата.

Рецепт

Елена препорачува да земете една лажица од една од наведените суви билки и да ја ставите во 400 милилитри зовриена вода. Оставете чајот да врие 10 минути, а потоа тргнете го оган. Оставете го отстои два часа.

Пијте по половина чашка три пати на ден, пред секој оброк.

Немојте да ги мешате корените од овие тревки. Една недела ќе пиете чај од глуварче, потоа од чичок, а третата од троскот.

 

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *