Култура

„Синедејс“ завршува вечерва со доделување на наградите во киното Милениум

Вечерва,  во киното Милениум со почеток во 20 часот. ќе бидат доделени наградите на годинешното 18. издание на Интернационалниот фестивал на европски филм, „Синедејс“. Веднаш потоа ќе биде прикажан последниот филм од Гала програмата „Зад Хоризонтот“ во режија на Delphine Lehericey. 

Дејството во филмот се случува во летото, 1976 година, кога во Европа владее период на топлотен бран и воедно една од најлошите суши во историјата. На фармата на неговите родители, Гас (13), летниот распуст го поминува во читање стрипови, помагање на татко му, кој сета своја заштеда ја има вложено во современ кокошарник, и во игра со Мадо, дивото дете од селото. Но полека околу него, неговиот спокоен и познат универзум почнува да попушта под жештината… Мајка му, секогаш нежна и грижлива, почнува да поминува се повеќе време со убавата Сесил, додека татко му е принуден сам да се справува со разорните последици на сушата. Гледајќи го уништувањето на неговото семејство, традиционалното земјоделство и патријархатот, Гас е принуден да порасне побрзо и да ја остави невиноста на детството зад себе…

Во киното „фросина“ при Младинскиот културен центар, ќе се одржат три настани од годинешната програма на Синедејс: две проекции и еден концерт. Првиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ ќе биде прикажан во 11 часот, а во 13 часот е закажан филмот „Кариран Нинџа“ и двата филма од програмата за деца. За вечерва, со почеток во 23 часот концерт ќе одржат диџејсетот Филип Пајдаков и Џано Куч. 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *