Култура

Стив Абот од “Монти Пајтон” смета дека за толку мала земја имаме одлична кинематографија

Продуцентот на летечкиот циркус „Монти Пајтон“, Стив Абот, е гостин на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, на кого му беше врачена наградата за животно дело за неговата работа со „Монти Пајтон“. Наградата му ја врачи амбасадорката на Велика Британија во Македониј, Рејчел Галовеј, синоќа во киното Фросина, пред прикажувањето на филмот „Смислата на животот“, еден од петте филма од „Монти Пајтон“ кои беа прикажани на фестивалот: „Монти Пајтон и Светиот грал“, „Житието на Брајан“, „Монти Пајтон во живо од Холивуд Боул“ и „А сега, нешто сосема поинакво“. Фестивалот се приклучи кон светската прослава на 50 години од првото емитување на оваа комична серија на Би-би-си во далечната 1969 година. Стив Абот прв пат е во Македонија и воопшто прв пат на Балканот. Тој беше изненаден колку многу луѓето знаат за „Монти Пајтон“ и беше воодушевен од филмовите „Медена земја„ и „Господ постои, името и е Петрунија“, којшто првично го нарече „Петрушка“.  

– Воодушевен сум од она што го видов овде, а посебно од македонските филмови што ги погледнав, „Медена земја“ , „Петрунија“… тоа се одлични филмови.  За една мала земја од два милиона жители, вие имате одлични филмови! Велика Британија е многу поголема земја, па не може да се каже дека се прават повеќе добри филмови! Прв пат сум во Скопје и воедно прв пат на Балканот, но утре заминувам. останав тука два ипол дена,  љубезно вели Стив Абот.

 Абот одржа и мастерклас во рамки на придружната програма на фестивалот “Синедејс” за пошироката јавност и за филмската публика. 

– Чест ми е што сум поканет на 18-ти „Синедејс“, а особено на оваа 50-годишнина од годината на Монти Пајтон. Кога „Летечкиот циркус“ за прв пат се емитуваше на БиБиСи во 1969 година, уште тогаш станав фан. Во тоа време сè уште бев на училиште и никогаш не размислував за момент да се сретнам, а камоли да работам со моите херои. Мојот пат да го сторам тоа беше, благо речено, неконвенционално. Додека студирав математика на Кембриџ, гледав филмови по неколку на ден, и тогаш добив амбиција да работам во филм. 

Во текот на овие 40 години од неговата кариера има работено со некои или со сите Монти Пајтонци, живеено и работено во Холивуд, како и патувано низ светот на поголеми филмски фестивали и настани. Станал почесен доктор на науки на Универзитетот во Бредфорд во 1998 година и почесен соработник на колеџот Бредфорд во 2012 година и има магистрирано на Универзитетот во Кембриџ, каде што бил стипендист на катедрата за математика. „Јас започнав да работам таму пред 40 години, овој месец, (1 ноември 1979 година) и повеќето луѓе ќе речат дека оттогаш немав соодветна работа“.

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *