Култура

Стив Абот:Која е смислата на животот?! Истата, се уште е истата!

И после 50 годинии од снимањето на филмот „Смислата на животот“ (The meaning of life!“), смислата на животот е иста, вели Стив Абот, продуцентот на „Монти Пајтон“ во интервјуто за радио МОФ

–  Погледнете ја последната сцена од „Смислата на животот“, тоа е сериозна сцена и слушнете го говорот на Мајкл Палин додека е облечен како жена:

-Мајкл Палин : Па, ништо посебно. Пробајте да бидете пристојни со луѓето. Не јадете маснотии.  Понекогаш, пробајте да прочитате некоја добра книга. Пешачете и пробајте да живеете во мир и хармонија со луѓе од сите вери и нации. Накрај,  споделуваме со ова одлични фотографии од пениси, само за да ја изнервираме цензурата, со надеж дека ќе предизвикаме некоја контроверзија што е единствениот начин денеска да и привлечеш внимание на публиката, зафатена со видео-рекордери и да ги довлечкаш нивните дебели задници назад во проклетитте кино сали.

Стив Абот, ја доби наградата за животно дело, за долгодишно посветено работење со групата која годинава одбележува 50 години од првото емитување на нивната комична серија „Летачкиот циркус“ на Би-би-си.  Фестивалот се приклучи во одбележувањето на 50-тиот јубилеј на летачкиот циркус „Монти Пајтон“, со проекција на пет филма што се најдоа на програмата на „Синедејс“, „Смислата на животот“, „Монти Пајтон и Светиот грал“, „Житието на Брајан“, „Монти Пајтон во живо од Холивуд Боул“ и „А сега, нешто сосема поинакво“. Во интервјуто за Радио МОФ, Абот зборува и за импресите од гостувањето во Македонија, за Брегзит и за политичката ситуција во светот, за комедијата денес….

-Ова се луди времиња, поготово за Велика Британија. Јас сум во депресија поради политиките, Трамп во Америка и искрено сум тажен за состојбата на светот денес. Ова е навистина интересно, бидејќи зборот пајтонска влезе во Оксфордскиот речник како придавка која објаснува случувања во реалноста кои се толку апсурдни што би можеле да бидат напишани од „Монти Пајтон“.

-Уште размислувам како Пајтон ја одржа релевантноста после педесет години.

-Морам да признаам дека малку сум засрамен што претходно не го имам посетено Балканот. Отсекогаш сакав да го посетам Скопје. Како дете додека растев во Бредфорд, што е сестрински град на Скопје, овој град беше еден од првите градови кои ги знаев, а имав девет години. Слушав многу за Скопје поради земјотресот во 1963.  Кога дојде поканата од „Синедејс“, веднаш ја прифатив.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *