Култура

Награда за најдобра кинематографија за Љума и Даут од „Медена земја“

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на ASC а ја доделува Американското здружение на кинематографери, (The American Society of Cinematographers). Наградата им беше доделена во театарот „Долби“ во Лос Анџелес и тие се први добитници на оваа награда, што Асоцијацијата на кинематографери на Америка ја воведе годинава.

 Љума и Даут ја имаа честа да ја примат наградата од режисерот на филмот „Џокер“, Тод Филипс. Врачувајќи им ја наградата, тој рече дека ова е златно време за документарните филмови. Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е токму оваа, рече Самир Љума на 34. доделување на наградите. Во кусо интервју веднаш по доделувањето на наградите за „Американ синематографи“ Даут и Љума се заблагодарија за укажаната чест.

– Многу сме среќни што сме први од Македонија што воопшто учествуваат на овие награди – рече Даут. 

 – Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC – напиша Љума на својот профил на Фејсбук. Наградата на кинематограферите им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“. Македонскиот филм „Медена земја“ е во трката за претстојните оскари во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. 

Љума додаде: – Ја изразувам мојата благодарност до Асоцијацијата на кинематографери која ги отвори вратите за кинематографијата во документарните филмови. Се радувам што ние сме првите добитници во оваа категорија. Сакам да им порачам на сите што сакаат да се занимаваат со оваа дејност дека не е важно од каде доаѓате и ако сте искрени во тоа што сакате да го работите, еден ден можеби оваа награда ќе биде ваша – изјави Љума. 

По победата на американскиот фестивал „Санденс“ лани, „Медена земја“ освои голем број награди, номинaција за европски Оскар, а имаше и одлични критики од најреномираните филмски критичари и медиуми. Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематограферите се Фејми Даут и Самир Љума.

Автор:

Слични статии