Култура

Желимир Жилник во МСУ: проекција на „Мали пионери“ и „Убави жени одат по градот“ и разговор со култниот режисер

Во Музехот на современа уметност, утре,  понеделник, 10 февруари со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје ќе бидат прикажани филмови на култниот режисер Желимир Жилник.

„Убави жени одат по градот“

Ќе будат прикажани, краткиот „Мали пионери“, во кој се раскажува за социјално запоставени деца кои сами се грижат за себе, одлучуваат да крадат и да го прекршат законот, а по него следи  долгометражниот филм „Убави жени одат по градот“. Филмот не префрла во иднина, говори за Белград во 2041, кој е напуштен и руиниран, исполнет со ѓубре. Неколку стари луѓе живеат таму: поранешен новинар со неговата ќерка, поранешен политичар со неговата жена и поранешен полицаец, кој работи како чувар на конвикт во кој живеат осум девојки. Старците ги растат девојките според традициите на поранешните Југословенски нации, што е доста ризично бидејќи Јужна Европа е опустошена од банда, која забранува какво било сеќавање на минатото, а по проекцијата е закажан и разговор со режисерот, кој публиката ќе може и одблизу да го запознае.

Тематската рамка за изборот на овие два филма наречена ‘Од маргини до дистопија’ ја потврдува уште еднаш релевантноста на делата на Жилник за денешницата во која сведочиме глобален раст на нееднаквоста и која отфрла се поголем број луѓе на маргините од општеството, а истовремено и приближување кон реализацијата на дистописките сценарија за човештвото поради еколошката и политичка деградација, кои раѓаат носталгија по добрите минати изгубени времиња“, стои во најавата за настанот во МСУ.

Желимир Жилник е еден од најпродуктивните и најнаградувани режисери од просториите на Југославија. Неговите играни и документарни филмови од самиот почеток се фокусираат на современи тематики, вклучувајќи социјално и економско преиспитување на секојдневниот живот.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *