Култура

Коронавирусот опстојува 24 часа на картон, а три дена преживува на еден вид тврда пластика наречена полипропилен

На различни површини различно е и времето на опстојување на коронавирусот. Начинот на кој луѓето се заразуваат со коронавирусот под број еден е пренесување од човек на човек. Овој близок контакт во форма на прегратка, ракување или допир на некоја инфицирана површина од јавниот простор, им овозможува на респираторните капки, исфрлени обично по пат на кивање или кашлање од заразените лица, лесно да го најдат патот до луѓето и на тој начин да се шири заразата.

Веќе знаеме дека респираторните капки, искашлани од заболен со коронавирусот,  се тешки, па тие обично паѓаат на земја. Во зависност од тоа каде ќе слетаат, на каква површина, вирусните капки на коронавирусот различно време и опстојуваат. Студијата објавена во New England Journal of Medicine во Англија, истражи колку долго овој вирус може да преживее – опстои на различни материјали. Истражувањата велат дека вирусот САРС-КоВ-2, официјалното име на новиот коронавирус, опстојува  24 часа на картон, потоа, два дена на не’рѓосувачки челик и три дена преживува на еден вид тврда пластика наречена полипропилен. Вирусот може да се открие само четири часа на бакар, материјал кој природно ги разложува бактериите и вирусите. Во студиите за вируси на грип, на порозните предмети, како облека и дрво, не може да опстои вирусот подолго од четири часа. Тоа е затоа што овие производи ја повлекуваат влагата од вирусот и предизвикуваат тој да се деградира.

Сите вируси се парчиња генетски код, збир од липиди и протеини, кои можат да вклучуваат обвивка заснована на маснотија, позната како вирусен плик. Сепак, секој обвиен вирус е различен, а научниците ширум светот агресивно го истражуваат САРС-КоВ-2, за да разберат како се складира.  Дилан Морис, биолог од универзитетот Принстон и коавтор на студијата, вели дека мисијата била да се испитаат кои површини што се наоѓаат во медицинските установи може да послужат како потенцијален извор на зараза. Вирусите обично преживуваат надвор од телото само неколку дена, затоа што откако ќе се сруши нивната кревка надворешност, тие почнуваат да се деградираат. Морис не сака премногу да шпекулира за секојдневните површини, но неговиот генерален совет би бил внимателно да се мијат рацете и предметите.

Но, нивната студија има ограничувања. Тимот од научници ги направил овие истражувања во контролирана лабораторија. Така, ако се споредат на пример со места како што се автобусите, секако дека овие простори кои се посетени секојдневно од многу луѓе,  содржат многу повеќе вируси и претставуваат поголем ризик од инфекција. Условите на животната средина исто така влијаат на егзистенцијата на вирусот. Влажноста, на пример, се смета дека го отежнува патувањето на респираторните капки низ воздухот, а ултравиолетовата светлина е позната дека ги деградира вирусите.

Студијата исто така откри дека коронавирусот може да опстојува како аеросоли во воздухот до три часа. Студијата на Морис не вклучува предмети како облека или различни производи, но нема докази дека, според Американската управа за храна и лекови, коронавирусот може да се пренесе преку храна. Во студиите за вируси на грип, на порозните предмети, како облека и дрво, не може да опстои вирусот подолго од четири часа. Тоа е затоа што овие производи ја повлекуваат влагата од вирусот и предизвикуваат тој да се деградира.

Сепак, без оглед на тоа што допирате, сапунот и водата се најдобриот начин за отстранување на кој било потенцијален коронавирус од вашите раце, пред да може да доведе до инфекција. Коронавирусот не продира низ кожата затоа што вашиот најоддалечен слој е малку кисел, што спречува да влезат повеќето патогени во организмот. 

Гледајќи назад во периодот од 5000 години, луѓето користеле различни производи за чистење, но едноставната комбинација на сапун и вода останува едно од најсилните оружја против заразните болести, вклучувајќи го и најновиот коронавирус 19. Паничното расположение, предизвикано од појава на некој вирус, прави луѓето да купуваат секакви хемиски средства за чистење, од кои многу се непотребни или неефикасни против вирусите. Санитарните гелови за раце за час исчезнуваат од полиците во продавниците, но малкумина знаат дека повеќето не ја содржат потребната количина на алкохол во нив, а тоа е најмалку 60 проценти алкохол по волумен, за да можат успешно да се справат со вирусите. Во земјите најтешко погодени од Ковид 19, гледаме како екипи со луѓе во заштитни костуми, прскаат раствори за дезинфекција, кои најчесто се средства за белење, за што експертите не се сигурни дека се толку неопходни во оваа состојба, бидејќи пред се, може да доведат и до други здравствени проблеми, пред се проблеми со респираторниот систем, во зависност од тоа колку ќе се вдиши. Исто така, користењето на варакина, може да го предизика кородирањето на металот. Многу експерти, наместо тоа, препорачуваат да се користат поблаги сапуни.

 

Извор: Nationalgeographic/science

 

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *