Култура

МНТ и Театар Комедија ќе прикажуваат свои претстави на „Јутјуб“

Mакедонскиот народен театар и Театар Комедија, почнувајќи од утревечер во 20 часот, на своите јутјуб-канали во наредните денови ќе прикажуваат претстави од својата продукција.

Од МНТ ќе прикажат пет претстави. Прва претстава што ќе биде прикажана е „Сомнително лице“ во режија на Синиша Евтимов. Ова е една од најгледаните претстави на најголемиот национален театар. 

Во наредните денови ќе следуваат: „Изгубени Германци“ (19 март), „Парите се отепувачка“ (20 март). „Да тргнеме Сењор“ (23 март) и „Мајсторот и Маргарита“ (24 март).

Од Театар Комедија, пак, истакнаа дека во текот на утрешниот ден ќе го објават репертоарот и каналот каде што ќе може да се гледаат нивните претстави.

https://www.youtube.com/channel/UC265ofr_FZA6y5RnvbVZuoQ

ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕКОГАШ СО ВАС!

Почитувана публико,

Со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, од утре со почеток во 20 часот Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави.

Види повеќе

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *