Култура

Почина познатиот светски саксафонист Марсело Пералтa како последица од коронавирусот

Минатиот четврток, на неговиот роденден, Марсело Пералтa бил примен во болница, и тогаш докторите откриле дека е заразен со коронавирус.

Аргентискиот саксофонист Марсело Пералтa почина денеска на 59-годишна возраст како последица од коронавирусот, во шпанскиот град Мадрид, откако бил хоспитализиран поради пневмонија.

– Жал ми е што морам да ви соопштам дека Марсело Пералтa почина, ми беше пријател скоро цел живот, беше инзвонреден музичар и прекрасна личност. Ја имав таа привилегија да го познавам, го сакав и му се восхитував – објави гитаристот Гилермо Базола на својот фејсбук-профил.

– Марсело беше еден од моите најдраги и најстари пријатели. Се запознавме далечната 1982 година, секогаш ќе се сеќавам на нашата музика, радост и забавите кои заедно ги имавме. Сè се случи одеднаш и знам дека ова е шокантна вест, јас сум скршен, но чувствувам обврска да ја пренесам веста за здравствената опасност која е секаде во светот и во Мадрид – додаде гитаристот.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *