Култура

Американската филмска академија ги покани режисерите, Котевска и Стефанов и продуцентот Георгиев да станат нејзини членови

Продуцентот на „Медена земја“ Атанас Георгиев и режисерите на овој филм, Тамара Котевска и Љубо Стефанов, добија покана од Американската академија за филмски уметности и наука да станат нејзини членови. Ова покана се должи на огромниот успех што го постигна овој филм, кој се уште се прикажува по светот, и, кој доби многу награди на светските фестивали, а беше и номиниран во две категории за „Оскар“ за најдобар странски филм и најдобар документарец.  Поканата се однесува на филмаџии кои дале придонес во филмската уметност.

Од новопоканетите филмски професионалци 75 се номинирани за „Оскар“, меѓу кои 15 победници и петмина добитници на научни и технички награди. Тие што ќе ги прифатат поканите, ќе бидат единствените што ќе влезат во членството на Академијата за 2020.Од поканите за 2020 година, 45 отсто се за жени, 36 отсто се малцински етнички/расни заедници и 49 отсто се меѓународни од 68 земји.Од 819. новопоканети членови, само осуммина, меѓу кои се македонските филмаџии, се поканети во Академијата од повеќе области. На пример, Котевска и Стефанов и во областа на режисери и на документаристика, додека Георгиев е во областите на монтажа и документаристика.

 

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *