„Налепница“ на Георги Уунковски освои шест награди во Италија: најдобар; филм, режија, сценарио, актер, монтажа и награда од публика
— 11 август, 2020Краткиот македонски филм „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски, освои шест награди на фестивалот на кратки филмови Апулија во Италија со што стана најдобар филм на овој фестивал. „Налепница“, во кој главната улога ја игра Сашко Коцев, ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, сценарио, најдобар актер, монтажа (за Мартин Иванов), како и наградата од публиката.
Во интервју со овој млад режисер, од пред неколку месеци, Унковски рече дека очекува „Налепница да има долг фестивалски живот.
„Потпишавме договор со дистрибутерска фирма од Франција, која застапува кратки филмови, такашто тие го преземаат филмот и ќе водат сметка за негова дистрибуција по фестивали. Засега, филмот е примен на фестивал во Турција, потоа на фестивалот во Кливленд, на филмскиот фестивал во Флорида, на Московскиот фестивал… Чекам известувања и за други фестивали и, очекувам „Налепница“ да има долг фестивалски живот.
Кинематографер е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, костимите на Роза Трајческа, додека на маската и шминката на главниот лик работеле Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски. Георги М. Унковски е роден 1988, во Њујорк, тој е син на театарскиот режисер Слободан Унковски и психологот Лина Ќостарова-Унковска. Студирал фотографија на Институтот за технологоија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на Универзитетот ФАМУ во Прага, Чешка.
Филмот во јанури имаше премиера на годинашниот престижен американски фестивал на независни филмови Санденс, освен шесте награди во Италија, претходно доби престижна награда во Словачка, а во јуни доби награда за најдобар краток филм на Филмскиот фестивал во Бруклин. „Во снимањето филмови најчесто се инспирирам од Македонија, од Скопје, градот кој има многу голем контраст во луѓето и во начинот на живеење, како и неверојатна бирократска машинерија. Така што, овој филм е микс на еден вид потрага по среќа и искупување, но е и еден вид социјален коментар на општеството. На крајот, филмот е за љубовта помеѓу татко и ќерка“, вели Унковски. Во продукција на „Синема футура“, филмот се снимал шест дена на повеќе локации низ Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во екипата се и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.
Автор:
Слични статии
-
-
МУЛТИЗНАЧНОСТА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ ТЕАТАР
10 април, 2023 -
-
Последни статии
-
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
— 11 март, 2024„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
-
ВРЕДНОСТА НА СПОМЕНИТЕ И НЕДОРАЗБИРАЊЕТО
— 18 февруари, 2024(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
-
ОБЛАК ЧИСТА АКТЕРСКА ИГРА
— 13 февруари, 2024(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…
-
ТРАУМАТА И МЕТАБОЛИТИЧКИОТ АПСОЛУТИЗАМ
— 8 февруари, 2024(Кон претставата „Лимениот барабан“ по романот на Гинтер Грас, во адаптација и режија на Васил Христов, а во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ) Гинтер Грас е круцијален книжевник кој во својата проза ја преврти ракавицата на политичките „реформатори“ и на…
-
ЦИКЛИЧНАТА ПАТЕКА НА ЗАБОРАВЕНАТА ИСТОРИЈА
— 5 февруари, 2024(Кон претставата „Развојниот пат на Боро шивачот“ од Алексаднар Поповиќ во режија на Егон Савин и во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Ирфан Менсур, Бранислав Лечиќ, Небојша Миловановиќ) Необичноста на драмскиот автор Александар Поповиќ лежи во чудните дијалошки лупинзи кои само тангенцијално го допираат апсурдизмот од шеесеттите…
-
Македонскиот режисер Оливер Мицевски со „4.48 Психоза“ се претстави пред данската публика
— 29 јануари, 2024Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска. Синоќа, пред данската публика, беше одиграна претставата „4.48 Психоза“, по текст на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на…
-
Во трка за наградата „Роман на годината“ пристигнаа 35 романи
— 21 јануари, 2024На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина…
-
ГРЕВОТ И ФАНТАЗМИТЕ
— 18 јануари, 2024(Кон претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Градскиот театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец, Јуриј Древеншек.) Дали Ибзеновата Нора е феминистички апстракт или нејзиниот проблем е институционален кога е во прашање бракот? Ова прашање лебди во воздухот, но сепак…