Култура

Замина новинарот и хроничарот на Скопје, Данило Коцевски

Новинарот и публицист Данило Коцевски, кого скопјани веќе со децении го знаат како легенда на Скопје, почина на 73 години, по кратко боледувања/ Денеска беше погребан на гробиштата во Бутел.  Данило Коцевски e познат како хроничар на градот Скопје, препознатлив лик со шешир кој често можеше да се забележи на градскиот плоштад, или по уличките на Старата скопска чаршија, црпејќи инспирација од градот, свесен за минливоста и минатото како и желба со  пишаниот збор тоа да се забележи, документира и да се заштити од забот на времето.  


Роден е во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. На Интердисциплинарните студии по новинарство на скопскиот универзитет држел вежби по теорија и практика на новинарството. Бил еден од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот од осумдесеттите години. Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели го основал Здружението на независните писатели на Македонија, во текот на 1993-994 година. Во 1967 се вработил во редакцијата на весникот „Млад борец“, а во 1973 година преминал во културната редакција на тогашната Радио-телевизија Скопје. Бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 до 2012 година ја извршуваше функцијата директор на Струшките вечери на поезијата. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но, пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се наградени („Еразмо Ротердамски“ на конкурсот на МНТ, 1999, а за улогата на Ештро во неговата драма „Од првиот здив’ (1995) артистот Диме Илиев ја доби наградата Ристо Шишков.

Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот. Коцевски беше дел од редакциите на многу весници. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година. Познат е, пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *