Култура

Решат Амети ја собра политичката елита на неговата ретроспективна изложба

Во Даут пашин амам во тек ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“. 

 

„ Националната Галерија како стожер на уметноста  во земјата, оваа година ја помина во исклучителни околности поради светската пандемија. Овие времиња се тешки за културата и уметноста. Нашата мисија е да се истрае, со цел и понатаму да бидеме културен, едукативен и стручен сервис за граѓаните, токму преку организирање настани кои ја одбележуваат креативната истрајност на творците. Оваа вечер, под посебни протоколи, ја посветуваме на изложбата “ 30 години творештво” на нашиот драг и ценет пријател, истакнатиот уметник  Решат Амети“ изјави на отворањето директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

 

Поздравна реч имаше и вице премиерот, Артан Груби, долгогодишен пријател на авторот. 

 

 

Завршен збор со кој се означи официјалното отворање го имаше министерката за култура, Ирена Стефоска. Во својот говор министерката го поздрави нејзиниот пријател и колега Решат Амети, му посака успех во понатамошната сликарска кариера, ја поздрави Националната галерија, директорката и целата екипа за одлично организираниот настан со високи протоколи за социјална дистанца.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети. Решат Амети со емотивен тон им се заблагодари на сите за присуството на отворањето, негови долгогодишни пријатели, некои пријателства стари и триесет години колку трае и неговото ликовно творештво.

За публиката оваа изложба е достапна во Даут пашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10-18 ч.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *