Култура

Почина актерот Данчо Чеврески

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чеврески почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. Тој беше поранешен декан на Факултетот за драмски уметности а ќе остане запаметен по улогите на Стефан во „Најдолгиот пат“, Динко во „Курирот на Гоце“, Матеј Бојановски во „Хај фај“, Бранко во „Трст виа Скопје“, Кенеди во „Џипси меџик“ и многу други.
Чеврески е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Дипломирал на ФДУ на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања во филмот и на ТВ.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *