Култура

Почина пијанистката и универзитетски професор Јасминка Чакар

По кратко боледување , на 81 година почина Јасминка Чакар, истакната пијанистка и професорка на Факултетот за музика уметност во Скопје.

Родена е во Битола , каде започнала нејзината музичка едукација, а дипломирала на Музичката академија во Загреб,  1963 година. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, 1976 година. Работела како професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година, едуцирајќи повеќе од 40 млади пијанисти.

Јасминка Чакар концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Беше особено активна и ценета како пијано- соработник, со реализирани над триста концертни настапи со домашни уметници, како и со солисти од странство. За својата посветена работа таа е добитник на државната награда „ 11 Октомври“, но и на наградата „ 13 Ноември“. Ќе остане запаметена по нејзиниот влог во развојот на македонскиот пијанизам и домашната музичка култура, воопшто.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *