Култура

Филмот „Врба“ на Манчевски во трка за најдобра филмска локација во Европа

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски се најде меѓу петте финалисти за наградата за најдобра филмска локација во Европа. Еден дел од филмот е снимен во Мариово и Трескавец во прилепската област и, во овој дел од филмот, преку прекрасна фотографија што го граси овој филм, ги прикажува прекрасните предели, недопрени од човекот. 

За наградата за најдобра филмска локација во Европа, останатите финалисти се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“. Наградата ќе му биде врачена на победникот во февруари на Берлиналето.

На официјалната страница на Европската мрежа на филмски комисии во тек е гласањето за овие пет финалисти и ќе трае до 12 јануари 2021 година.

Инаку, филмот „Врба“ е македонски кандидат за „Оскар“ за 2021 година , за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради Ковид-19.

Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии, а прилепската област, каде што се снимаше „Врба“, е избрана во најдобрите пет локации, во конкуренција од 28 земји.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *