
„Медена земја“ меѓу 11-те филмови на годината во Австралија
— 26 декември, 2020Македонскиот документарец „Медена земја“ кој во февруари имаше историски две номинации за Оскар, се најде на листата на филмови на годината во Австралија, објави весникот „Ејџ“ (The Age), објави СДК. Филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е во друштво со „1917“ на Сем Мендес кој имаше десет номинации, а освои три, како и со еден од фаворитите за Оскарите вгодина, „Номадленд“ на кинеско-американската режисерка Клое Жао.
„Можеби е изненадувачки фактот што документарен филм за пчеларство во Северна Македонија може да биде еден од најомилените филмови за оваа година, но овој ненаметлив портрет на средновечната Атиџе, нејзината стара мајка и номадското земјоделско семејство кое се населува до нив, е прикажан како епска приказна за борбата, претставена во извонредна минијатура. Режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска поминале три години со Атиџе, достоинствена и привлечна личност која знае каде живеат дивите пчели и го зема само толку колку што ѝ е потребно. Нејзиниот нов сосед, Хусеин, сака да ѝ ја одземе земјата, тој не е негативец, но има семејство кое треба да го прехрани. Нивната комшиска кавга станува борба за самата Земја“, стои во рецензијата.
„Медена земја“ влезе во историјата на македонската и светската кинематографија со двете номинации за најдобар документарец и најдобар странски филм, но Оскарите во овие две категории во февруари годинава ги добија „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајнхард и „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Јон-хо.
Автор:
Слични статии
-
-
-
-
ЕФА: Најдобар европски филм „Уште една рунда“ на Томас Винтерберг
13 декември, 2020
Последни статии
-
По исповедта на Милена Радуловиќ: Можеби таа досега молчела заради тебе
— 19 јануари, 2021Живееме во општество на молчење. Ги учиме децата да не им се спротивставуваат на авторитетите, премолчуваме изживувања на шефови и политичари, соседи кои си ги тепаат сопругите… И потоа ја прашуваме неа зошто молчела? Милена Радуловиќ прозборе и не е сама. Уште четири колешки од актерската школа пријавија во полиција дека ги силувал или сексуално…
-
Темните коридори на гротеската
— 18 јануари, 2021(Кон збирката раскази „Парадоксикон“ на Томислав Османли во издание на ВИГ Зеница, Скопје, 2020 година) Говорејќи во една прилика за концептот на неговиот нем филм, големиот Чарли Чаплин меѓу другото го рекол и следното: „последните движења на душата се без зборови, животински, гротеска или со неспоредлива убавина“. Томислав Османли во своето најново дело, збирката раскази…
-
„Неговиот живот е прекор за цинизмот “: што научивме во овие пет години без Дејвид Боуви
— 16 јануари, 2021Утрото на 11 јануари 2016 го вклучив радиото и ги чув вестите дека Дејвид Боуви починал. Брзо започнав да ги менувам станиците надевајќи се да пронајдам некој паралелен универзум каде е се’ уште жив, но ги имаше само засипнатите гласовите на презентерите кои ги задржуваа солзите додека во позадина течеа извадоци од фасцинантниот музички свет…
-
Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница
— 15 јануари, 2021Националната комисија на УНЕСКО на Р. Македонија, денеска одржа конститутивна седница на платформата Зум, соопшти Министерството за култура. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите…
-
Македонски артефакти и икони на нелегалните пазари во Азија
— 15 јануари, 2021Над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија. Ако досега завршуваа на црните пазари во Западна Европа, последниве години крајната дестинација им е Азија. Дваесетина украдени икони веќе неколку години фаќаат прашина во витрините во два музеи во Албанија, чекајќи тамошните власти да донесат одлука за нивната судбина. Станува збор за непроценливо историско…
-
Пренасочен реалитет (или исфрлен од колосек)
— 13 јануари, 2021(Кон претставата „Лоунли плланет“ во продукција на Атеље 212 од Белград. Автори и главни улоги: Маја Пелевиќ, Димитрије Коканов, Олга Димитриевиќ, Тања Шљивар и Игор Коруга.) Најзастрашувачката синтагма во опасната и депримирачка година 2020 е „новото нормално“ која остана како еден вид на симплифицирана варијанта на „Големиот Брат“ на Орвел. Во годината која секако дека…
-
Почина академик Георги Старделов
— 11 јануари, 2021На 90 години почина академик Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата, поранешен претседател на МАНУ и еден од најактивните и еминентни академици во земјава. Веста ја соопшти Филозофскиот факултет каде бил професор (1966-1995) и негов декан (1975-1977). Старделов е роден на 28 август во Гевгелија, дипломирал на Филозофскиот…
-
Не знаевме дека шахот е толку добар на екран
— 9 јануари, 2021Гари Каспаров, еден од најголемите шахисти во историјата, главно не е воодушевен од приказите на шахот на екран. „Секогаш гледаш дека го користат луѓе кои не се професионалци“, рече Каспаров во јавувањето од Хрватска. „И мошне често, позициите на таблата немаат никаква смисла.“ Шахот е спорт во кој двајца луѓе – главно мажи – седат…
Напишете коментар