Култура

Секоја година трошки се делат за екологија: Собранието го одби амандманот за поставување филтри на оџаците на јавните институции

Само 0,49 отсто од средствата од буџетт за 2021 ќе бидат наменети за заштита на животната средина Екологистите се незадоволни од ваквата распределба, во време кога се соочуваме со неколку пати повисоки концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 од доволеното. „Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а како последица на тоа жители на многу градови во земјава и годинава дишат отровен воздух. Изминатите денови Кавадарци, Куманово и Тетово беа првите општини кои се соочија со загадување над дозволеното кое траеше повеќе од три дена, заради што во овие градови во сила стапија и посебни мерки, велат активисти од О2 иницијативата. 

Во Собранието во тек е расправатана на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Буџетот за 2021 година, а поднесените 15 амандмани и 2 предлози се на еколошките активисти од О2 Иницијативата и се однесуваат за зголемување на средствата и активностите за екологија, поточно за намалување на аерозагадувањето и решавањето на жешките точки. Амандманите се однесуваат на решавањето на депониите, за изработка на студии, за подновување на мерните станици и набавка на инструменти, за ажурирањето на катастарот на загадувачи и акредирација на државна лабораторија. Исто така, од оваа иницијатива го поддржуваат и барањето за вработување на осум инспектори во Државниот инспекторат за животна средина. За жал, амандманот кој се однесувал на поставување на филтри на јавни институции кои се загреваат со фосилни горива, поминал во расправа и бил одбиен. Активистите посочуваат дека од даноците за животна средина секоја година се собираат десет пати поголеми средства од оние кои се одвоени во Буџетот за 2021 година за намалување на загадувањето, заштита на животната средина, управувањето со отпад и отпадните води. Тие апелираат итно да биде формиран Фондот за животна средина, преку кој ќе се обезбеди наменско трошење на овие средства. Тие апелираат дека Фондот за животна средина е неопходен, бидејќи без наменско трошење на средствата за еколошки проекти, сликата со загадувањето ќе остане неизменета. Секоја година, велат, трошки се делат за огромните проблеми со кои се соочуваме во воздухот, водите, почвите, шумите, природните богатства, жешките точки ќе стојат нерешени со децении, а тоа не смее да се дозволи.

Автор:

Слични статии