Култура

Гоце Цветановски го објави првиот тизер за филмот „Денот на жената“ (видео)

Режисерот и сценарист Гоце Цветановски го објави тизерот за својот прв игран филм „Денот на жената“. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените.

Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата.
Филмот е по сценарио на Цветановски, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ, која ќе ја видиме во улога на истражувачка новинарка, која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината. Двајцата претходно имаат соработувано на повеќе проекти, меѓу кои е и видеоспотот на песна на „Феит ноу мор“, а во последните две години и на „Сказните на Биби“. Станува збор за општествено-ангажиран филм со модерен и урбан пристап. Локацијата на којашто се снимаше филмот беше главно во Скопје и на една локација во Куманово. Директор на фотографијата е биде Фејми Даут, кој заедно со Самир Љума доживеа голем успех со филмот „Медена земја“.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *