Култура

МКЦ ќе го прослави Роденденот на уметноста на 22 овој месец

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години наназад ја започнува годината. По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо. Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година. Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ.

Програма и редослед:

Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку „Зум“

[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов

Pluto’s doubts [Култура во време на корона]

[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски

Црнила Remix [Cross Шtream]

[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ

Фолтин [European music day]

[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски

ИСКРА [концертна промоција]

[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска

Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]

[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш

Импров група Настап [Култура во време на корона]

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *