Култура

На конкурсот за наградата „Роман на годината“ се пријавија 40 романи

Во средата, на 20 јануари се конституираше жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“. Жири-комисијата е во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Жири-комисијата ќе направи неколку селекции од романите во конкуренција, а конечната одлука за добитникот мора да ја донесе најдоцна до 15 март годинава.

Инаку, годинава на конкурсот пристигнаа дури 40 наслови, а наградениот роман ќе се закити со статуетка, плакета и награда во паричен износ од 150.000 денари. Наградата „Роман на годината“ чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД, Скопје, годинава се доделува по 22 пат.

„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници која оваа награда ја доби по вторпат, по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.

Список на пристигнати дела на конкурсот „Роман на годината“ за 2020 година

1. „Мемоари за болниот ум. Зависност“, Бошко Ангеловски, „ПНВ Публикации“
2. „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“
3. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
4. „Колку убав погреб“, Марјан Анѓеловски, самостојно издание
5. „Бричење петли“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
6. „Шардоне и шпагети карбонара“, Марта Димитров, „Антолог“
7. „Вокабуларис“, Ен Игма, „Темплум“
8. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
9. „Асистола“, Марија Јаневска, „Три“
10. „Мртвите знаат најдобро“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
11. „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
12. „Виенски гамбит“, Анде Јанков, „Антолог“
13. „МоЛчИ и ТаНцУваЈ“, Светлана Антиќ – Јовчевска, НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово
14. „Денот кога не се разбудив“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
15. „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
16. „Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“
17. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
18. „Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“
19. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
20. „Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“
21. „Песја прељуба“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“
22. „И не биди млад мајмун“, Велко Неделковски, „Арс Либрис
23. „Воскресение“ – Експериенс патот на духот , Мирче Нешовски
24. „Незадоволна“, Ксенија Николова, „Култура’
25.„Турнеја“, Сашо Огненовски, „Бегемот“
26. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
27. „Името ми е Вивиен Ли“, Горјан Петревски, „Македонска реч“
28. „Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“
29. „Туѓо тело“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“
30. „Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“
31. „Изгорени души“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“- Битола
32. „Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
33. „Тито- мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов Ѕоф
34. „Генералот и пеперутката“, Луан Старова, „МАНУ“
35.„Јаничари“, Луан Старова, „Три“
36. „Идол на ѕидот“, Елена Филиповска, „Сигмапрес“
37. „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“
38. „Своја“, Ирена Никола Чаушевска, Скопје: Даниловска,Ирена.
39. „Христо Егеецот“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“
40. „Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *