Култура

Филмот „КОДА“ со најмногу награди на „Санденс, „Улиште“ е награден со три награди каде Македонија е копродуцент

Филмот „КОДА“ на режисерката и сценаристка Шан Хајдер, стана првиот филм во историјата на фестивалот „Санденс“, што ја освоил Големата награда на жирито, Наградата за режија и Наградата од публиката во категоријата драма, на фестивал за независен филм што се одржува во САД, во Јута. „КОДА“ исто така доби и Специјална награда на жирито за најдобар ансамбл.  Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Басоли, во кој Македонија е копродуцент, освои три награди на овој фестивал меѓу кои и наградата за најдобар странски филм.

Филмот „КОДА“ (CODA) раскажува приказна за тинејџерка која треба да одлучи дали ќе продолжи да свири музика или да остане дома за да им помогне на своите родители и брат кои не слушаат. Ова остварување веќе предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, додека  компанијата „Епл“ ги откупи правата за прикажување на филмот за 25 милиони долари. Филмот „ Улиште“ (Hive), покрај Големата награда на жирито за најдобар странски филм, ги освои и наградата на публиката и наградата за најдобра режија. Филмот зборува за жената Фахрија, која откако го загубила сопругот во војната, се бори повторно да го изгради својот живот на патријархалното Косово, со сите тешкотии со кои се соочува. Во филмот глуми познатата косовска актерка Илка Гаши, а филмот е копродукција на Косово, Македонија Швајцарија и Албанија.

Наградата за најдобар документарен филм ја доби „Summer of Soul (…Or, When The Revolution Could Not Be Televised)“. Авторот е музичар на „Квестлав“, а приказната е за фестивалот Харлем во Вудсток во текот на 1969 година.

Документарниот филм „Flee“ од данскиот автор Јонас Похер Расмусен, бегалска приказна за авганистанско геј момче две децении по неговото пристигнување во Данска, беше награден во категоријата најдобар странски документарец.

Фестивалот на независен филм „Санденс“ во САД почна на 28 јануари на Интернет поради пандемијата, со проекции во драјв-ин ресторани и мали независни кина. Фестивалот, основан од легендарниот актер Роберт Редфорд (84), обично се одржува во јануари и февруари во планините во американската држава Јута.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *