Култура

„Вечното танго на љубовта“ во Галерија „Ко-Ра“

Во Галеријата „Ко-Ра“, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, во тек е изложбата на осумнаесет македонски ликовни уметници од неколку генерации и различни творечки определби, кои со свои дела учествуваат на традиционалната групна ликовна изложба, „Вечното танго на љубовта во нас“.  Виолета Калиќ, историчар на уметноста и авторка на овој проект, ги спои делата во еден заеднички уметнички настан на уметниците: Дита Старова Ќерими, Марија Светиева, Росица Лазевска, Шќипе Мехмети, Љупчо Бојаров, Стеван Илијевиќ, Петра Јовановска, Валентина Илијевска, Борјана Божиновска, Жанета Радевска Спировска, Верина Николова Соуважон, Зулејха Али Зубери, Виктор Бранѓолица, Гордана Винчиќ, Маја Андонова Јокиќ, Ленче Коцевска, Игор Поп Трајков и Витан Божиновски.  Уметниците ги создавале своите дела инспирирани од музиката на Астор Пјацола и неговите многубројни танго-варијации.

Изминатите години уметниците твореле инспирирани од „Танго Обливион“, „Либер Танго“. „Танго Нуев“, Танго Жалузје“…

„Танцот, музиката и ликовноста се надополнуваат и вдахновуваат секогаш нова сензација, која ја поместува границата помеѓу занесот, восхитот, страста, љубовта, страдањето, болката, осамата, толку моќно воспеани во уметностите“, истакнува Виолета Калиќ.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *