Култура

Заврши снимањето на грчко-германско-македонскиот филм „Зад стоговите сено”

Снимањето на филмот „Зад стоговите сено” , којшто е грчко -германско -македонска копродукција заврши во Дојран, каде беа снимани последните сцени од овој филм. Станува збор за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија и неговото семејство. Рибарот живее во страв дека може да биде затворен, поради измамите и долговите што ги направил. За да се извлече од неговата напната и стресна состојба, тој се одлучува да собере пари со што почнал да пренесува мигранти со неговиот брод. Како што потенцираше грчката режисерка Асемина Проедроу, главната дилема во филмот е дали да се признае и да се каже вистината, или да се сокрие. Дејствието на филмот се одвива во 2015 година а семејството живее во Грција кое живее на погранична територија со С. Македонија. Приказната е фрагментирана и е претставена од гледна точка на таткото, мајката и ќерката. Социјалниот аспект во овие простори ги тера луѓето да прават и носат одлуки кои се спротивни на моралот на ликовите во филмот.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на С. Македонија, ЗДФ Арте од Германија и Грчкиот филмски центар, Грчката Национална телевизија ЕРТ како и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж. Снимањето на филмот се одвиваше на територија во Грција, од 13 до 21 јануари, а веднаш потоа продолжи на локации во нашата држава, во Гевгелија и Дојран. 

Главен продуцент на филмот е продуцентската куќа Argonauts Production од Грција, а копродуценти покрај Сектор Филм, продуцентска куќа од Скопје, се и Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR од Германија.
Според директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, оваа значајна соработка стана реалност, благодарение на Преспанскиот договор.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *