Култура

Стефоска ќе бара одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга за УНЕСКО

Очигледно дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини, соопши денеска министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска откако почна да се урива ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан од 1989. Реагирајќи на градежните активности на објектот „Парк“ – Охрид, министерката за култура најави дека на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид и Управата за заштита на културното наследствo.

Владата треба да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на заштитата на културното и природното наследство поради непридржување кон стандардите на УНЕСКО, смета мининистерката за култура Ирена Стефоска.

Таа најави дека ќе иницира до Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие две општини, за што како повод ги посочува градежните активности на објектот „Парк“ – Охрид. Министерката најавува дека на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид и Управата за заштита на културното наследство.

„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство“, се наведува во изјавата на Стефоска.

По информации за рушење на објектот „Парк“, „Охрид SOS“ поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат, поради, како што се посочува, прекршувања на одредби од Законот за градење. Иницијативата доби поддршка и од Асоцијацијата на архитекти. Активистите на Охрид СОС и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) побараа објектот да биде заштитен како споменик на културата, а Иницијативата беше испратена до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство, а и лично до премиерот Зоран Заев. На 4.525 метри квадратни на просторот кај ресторанот и дискотеката „Парк“ во Охрид ќе се гради нов хотел, една година по истекот на важноста на градежната дозвола издадена во 2018 година. 

 

 

Автор:

Слични статии