Култура

„Помеѓу зборот и сонот“ – Монографска изложба

 Во рамките на Европскиот ден на уметничка креативност од проектот CreArt, во организација на Музеј на Град Скопје и Град Скопје, веќе четврта година успешно се спроведува циклусот Калеидоскоп. Оваа година изложбата ќе се реализира во МКЦ од 5.4. до 12.4.2021 година, со претставување на монографската изложба „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова. На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде што Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци. И како што Наташа ќе каже: 
„Детето во нас никогаш не е доволно пораснато за да престане со љубопитност. Ние сме постојано во потрага по нови знаења, искуства и нови светогледи. Ние сме постојано во потрага по нови знаења, искуства и нови светогледи. Тоа значи дека растеме. Растеме низ игра, а фантазија е горивото за растењето. Тука има препреки, грешки и паѓање, како и во бајките. Во бајките, прозата и поезијата, суштинското добро е коренот на кој почива мотивот и доаѓањето до него е целта.
Во потрага по тоа добро чекорат храбрите јунаци-ликови со атрибути на лојалност, доблест, љубов, љубопитност, заедно со нивните опоненти, во еден виор и вртлог на фабулата. Нивната авантура е наша авантура, се идентификуваме, озонаваме и најмногу од сѐ, создаваме слики, визуелни отпечатоци, кои се складираат во нашето помнење и се помеѓу зборот и сонот се простира сликата, ликот, атмосферата, кои ги викаме илустрација“. 

Автор:

Слични статии