Добитнички на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“ се Тануровска – Ќулавковски и Васева
— 19 јули, 2021Комисијата во состав Мира Гаќина, Владимир Јанчевски и Маја Чанкуловска Михајловска, наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година ја додели на проектот „Политички перформанс како проширено поле во Македонија во 90-тите години“ на авторите, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева. Наградата ја доделува Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“. Ова дело беше наградено заради својата релевантност на темата во денешниот културен но и општествено – политички контекст, како што стои во образложението на комисијата.
Перформансот, според авторките, како еден од оние видови на уметност од лиминална и гранична природа, и проширено значење кое се шири и вон уметничкото и естетското, создава различни мапи и остава траги кои се влијаени од социо-политичките, економските и културните околности во одреден период, време, и простор, и со тоа создава бројни мрежи на значења.
Специфичниот контекст на деведестетите години на минатиот век во Македонија е период оптоварен со настани што можат да послужат како „материјал“ за уметниците. Меѓу горливите политички, економски, социјални и културни прашања од 90-тите години на минатиот век – војната во регионот, приватизација, мултикултурализам, етнички немири, идентитетски прашања, преминот од социјализам во капитализам, итн. можат да се забележат низа културни перформанси низ чија призма може и да се разгледува како, зошто и каде се развивало перформативното политичко и политичкото перфомативно.
Во оваа насока, намерата на авторките да ги истражат политичките перформанси во земјава, во обид да пронајдат форми на критичка уметност како перформанси или перформанси како проширен поим што ја задржуваат политичноста како форма на критичност и антагонизам кон доминантната социјална и културно- политичка состојба на работите.
Биљана Тануровска -Ќулавковски е продуцентка, кураторка и истражувачка и, која спојува знење, искуство и значења произведени во полето на културните политики, управувањето со културата, теоријата на уметност и изведба, изведбените уметности и критичка теорија. Во 2003 година таа го ко-основа ЗГ. ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи за уметност и култура, каде што работи како програмски директор до денес. Тануровска е ко-основач на мрежи, платформи и простори, меѓу кои НОМАД Танц академија (НДА) и Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и култура во Скопје. Со Локомотива ги ко-основа Јадро-здружение на независна културна сцена и Кооператива- регионална платформа за култура. Од 2011 -2020 година е надворешен предавач на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дипломирала историја на уметност и археологија, магистер е на науки по интеркултурализам, културен менаџмент и културни политики на Универзитетот за уметности во Белград, а докторира на Факултетот за драмски уметности во Белград. Во 2019 год. за својот докторски труд ја добива престижната „Награда за истражување во полето на културните политики и менаџментот во култура во 2019 година“ на ENCATC- Европската мрежа на универзитети за културни политики и за менаџмент во културата.
Ивана Васева (1984, Скопје) е кураторка и истражувачка на кросдисциплинарни, соработнички и општествено ангажирани дела и програми во современата визуелна уметност. Досега курирала и претставила многу изложби, дискурзивни проекти и различни програми во земјава и во странство и издала и уредила повеќе публикации. За проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ја доби престижната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година (кураторка на проектот). За истражувачкиот проект „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ (2015 година, коавторка) е добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија, а е добитничка и на посебната награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2014 година, коучесничка). Таа е програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) и е кокураторка на АКТО Фестивалот за современи уметности кој постои од 2006 година. Васева дипломирала на Факултетот за историја на уметност при УКИМ во Скопје, а специјализирала кураторство на Кураторската програма на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија.
Доделувањето на наградата е овозможено со финансиска поддршка од Министерство за култура и Град Скопје.
Автор:
Слични статии
Последни статии
-
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
— 11 март, 2024„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
-
ВРЕДНОСТА НА СПОМЕНИТЕ И НЕДОРАЗБИРАЊЕТО
— 18 февруари, 2024(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
-
ОБЛАК ЧИСТА АКТЕРСКА ИГРА
— 13 февруари, 2024(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…
-
ТРАУМАТА И МЕТАБОЛИТИЧКИОТ АПСОЛУТИЗАМ
— 8 февруари, 2024(Кон претставата „Лимениот барабан“ по романот на Гинтер Грас, во адаптација и режија на Васил Христов, а во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ) Гинтер Грас е круцијален книжевник кој во својата проза ја преврти ракавицата на политичките „реформатори“ и на…
-
ЦИКЛИЧНАТА ПАТЕКА НА ЗАБОРАВЕНАТА ИСТОРИЈА
— 5 февруари, 2024(Кон претставата „Развојниот пат на Боро шивачот“ од Алексаднар Поповиќ во режија на Егон Савин и во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Ирфан Менсур, Бранислав Лечиќ, Небојша Миловановиќ) Необичноста на драмскиот автор Александар Поповиќ лежи во чудните дијалошки лупинзи кои само тангенцијално го допираат апсурдизмот од шеесеттите…
-
Македонскиот режисер Оливер Мицевски со „4.48 Психоза“ се претстави пред данската публика
— 29 јануари, 2024Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска. Синоќа, пред данската публика, беше одиграна претставата „4.48 Психоза“, по текст на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на…
-
Во трка за наградата „Роман на годината“ пристигнаа 35 романи
— 21 јануари, 2024На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина…
-
ГРЕВОТ И ФАНТАЗМИТЕ
— 18 јануари, 2024(Кон претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Градскиот театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец, Јуриј Древеншек.) Дали Ибзеновата Нора е феминистички апстракт или нејзиниот проблем е институционален кога е во прашање бракот? Ова прашање лебди во воздухот, но сепак…