Култура

„Улиште“ на Блерта Башоли и „Мир и хармонија“ на Несими Јетик победници на Синедејс

Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, и турскиот филм „Мир и хармонија“ од Несими Јетик, се победници на 20. издание на Европски филм Синедејс кој завршува вечерва, а беше продолжен еден ден поради неможноста да се прикажат некои филмови поради врнежите кои се погодија токму за време на одржувањето на фестивалот.  

„On Thin Ice“,

 Филмот „Улиште“ е за жена од Косово, чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски, а беше поддржан од македонската Агенција за филм на конкурсот во 2017 со 3.000.000 денари (околу 50.000 евра). „Улиште“  во февруари освои 3 награди на фестивалот Санденс, најголемиот за независен авторски филм во САД.  Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири-комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за Лукс награда.

 „Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума“, стои во нивната одлука за наградата „Златна ѕвезда“.

„Експертот“

Во „СЕЕ програмата“, наградата „Златно сонце“ за најдобар филм ја доби филмот „Мир и хармонија“ на Несими Јетик, за кој жирито вели: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт“.

„Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите 9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата!“, рече Славко Собин. 

Програмата на Синедејс вечерва продолжува на поп-ап локацијата во 20:30 часот кај езерцето во Градски парк, каде ќе бидат прикажани кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer’s Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. Мај, Тhe New Beginning.

„Deaflands“

Исто во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно, каде го гледаме последниот дел од Еко програмата, селекција на Ехо фестивал на планински

филм: „On Thin Ice“, во режија на Henry M. Mix и „Mountain, Priest, Son“, во режија на John Seddon и Vaibhav Kaul. По двете проекции, во 22 часот следува и филмот „Уште една тура“ на Томас Винтерберг. 

Еко програмата e поддржана од UNICEF и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).

 

Автор:

Слични статии