Култура

Македонскиот филм „Сестри“ ќе го отвори „Браќа Манаки“

Македонскиот филм „Сестри“, дебитантскиот филм на режисерката Дина Дума, ќе го отвори 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што ќе се одржи од 16-21 септември. Ова ќе биде македонска премиера на овој филм, кој на 28 август ја доби Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот, на филмскиот фестивал во Карлови Вари, еден од најголемите фестивали од А категорија во Чешка.  Кинематографер на „Сестри“ е Наум Доксевски. 

Во кратката програма на фестивалот, македонска премиера ќе има и „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој во јули играше во конкуренција за „Златна палма“ во Кан.  Австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и рускиот режисер Андреј Кончаловски се годинашни лауреати на „Браќа Манаки“ чие мото годинава е „И покрај сѐ“. Бергер, кинематограферот на Михаел Ханеке, еден од најголемите австриски и светски режисери, ќе ја добие „Златната камера“ за животно дело и ќе дојде во Битола, додека Кончаловски, еден од најголемите руски режисери, поради возраста одлучил да не патува во овие услови. Актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов, е добитник на „Големата ѕвезда“ на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. (ДФРМ).

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *