Култура

Нобеловата награда за литература ја доби романописецот Абдулразак Гурнах од Занзибар

Нобеловата награда за литература за 2021 ја доби писателот од Танзанија, Абдуларазак Гурна. Шведската Академија соопшти дека наградата е признание за неговиот „бескомпромисен и сочувствителен продор во ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“.

 Гyрна е роден во Занзибар во 1948, а од 1960-те живее во Англија, каде работи како професор на Универзитетот во Кент. Тој е автор на 10 романи, меѓу кои „Рај“, кој беше во најтесен избор за Букеровата награда во 1994. Претседателот на Нобеловиот комитет за литература, Андерс Олсон, го нарече „еден од најистакнатите светски постколонијални писатели“.
 Престижната награда се состои од златен медал и 10 милиони шведски круни (над 1.14 милиони долари).
„Во романите пишува за културно разновидната Источна Африка, која е ослободена од стереотипни описи и не им е позната на многумина во другите делови на светот“, се вели во соопштението.Гурнах, кој има напишано десет романи и серија раскази, е роден во Занзибар во 1948 година, а во 1960 година се засолнува во Велика Британија. Покрај наградата, 73-годишниот писател ќе добие и паричен подарок од 10 милиони шведски круни (1,1 милион долари).Нобеловата награда за литература помеѓу 1901 и 2020 година доделена е 113 пати. Нобеловата награда за литература 30 пати е доделена на автори кои пишувале на англиски, 15 пати на француски, 14 пати на германски и 11 пати на шпански. Потоа следуваат шведски со 7 награди, италијански и руски со по 6 награди, полски со 5 и норвешки и дански со по 3 награди. Авторите кои пишуваат на грчки, јапонски и кинески беа наградени по двапати. Авторите кои пишуваа на арапски, бенгалски, чешки, фински, хебрејски, унгарски, исландски, окситански, португалски, српско-хрватски, јидски и турски беа наградени по еднаш.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *