Култура

Почина филологот и научник Атанас Вангелов

Денеска почина филологот и книжевен теоретичар,  професор д-р Атанас Вангелов на 75 години, поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Роден на 6 февруари 1946 година во Богданци.  

Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП. Бил лектор по македонски јазик и литература во Париз. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1967 година.

Вангелов е годинашниот добитник на наградата „11 Октомври“, награден за животно дело во областа на науката и образованието.

Автор е на книгите: Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991), Преписите на Божин Павловски (студија, 1992), Микрочитања (критики, 1993), На безгласје глас (поема, 1994), Гласови и траги (поезија избор, 1995), Исказот и стварноста (критики), Водопад (поезија, 1998), Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998), Проетцонтра македонизми (критики, 1998).

Добитник на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев, “11 Октомври”.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *