Култура

Промоција на „222 антиупатства за лична употреба“ од Александар Прокопиев во Битола

Во културниот центар и кафе-книжарница „Везилка“ во Битола денеска се одржа промоција на книгата „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“ од Александар Прокопиев, книга којашто долго ќе остане во колективната меморија на духовниот живот на нашата земја. 

Книгата претставува заокружување на 40 годишното творештво на проникливата хибридна книжевна форма по која авторот е препознатлив, а која содржи кратки прози, поезија и есеи.

 Александар Прокопиев e прозаист и есеист. Роден е во Скопје, 1953 година. Доктор по книжевни науки. Предава на постдипломските културолошки студии при Институтот за македонска литература во Скопје. Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. Автор на дваесетина прозни книги.

 Во 2012 година ја добива престижната меѓународна книжевна награда „Балканика“ за збирката раскази „Човечулец“. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски, бугарски, арапски, албански, словенечки, хрватски и други јазици.

 Книгата е објавена е со поддршка од страна на Министерството за култура на РСМ а за неа на промоцијата ќе говори писателот и критичар Сашо Огненовски.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *