Култура
kultura

Отворен павилјонот на 56-то Биенале во Венеција

Денеска во Венеција, свечено беше отворен Павилјонот на Република Македонија на  56-то Биенале во Венеција, една од најстарите и најпрестижни европски манифестации, која за јавноста ќе биде отворена од 9 мај до 22 ноември. Според информацијата од Министерството за култура на Р. Македонија, Павилјонот го отвори заменик министерот за култура Драган Недељковиќ во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција.

На 56-то Биенале р. Македонија ја претставуваат уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски кои, со проектот „Ние сите сме сами во ова“, финансиски поддржан од Министерството за култура. Комесар на овој мултидисциплинарен ликовен зафат е Националната галерија на Македонија, куратор е Башак Шенова од Турција, а заменик-куратор Маја Чанкуловска-Михајловска.

Учество на Биенале во Венеција е од големо значење за секој уметник, за земјава можност да се промовира македонската култура и уметност пред земјите-учеснички од целиот свет, како и можност да се укаже на разновидноста на уметничките позиции, репрезентативните потенцијали и значењето на работата на македонските автори кои дејствуваат на нашата и на интернационалната уметничка сцена. Република Македонија досега има остварено девет претставувања на Венециското биенале започнувајќи од 1993 година кога за прв пат учествуваше со проектот на Петре Николовски  и Глигор Стефанов.

Tagged with:

Автор:

Слични статии