Култура
malinski foto festival

Фестивал на уметничка фотографија во Куманово

Околу 300 фотографии од Македонија и од различни земји од светот, се изложени на пет локации  во Куманово, го сочинуваат  Фестивалот на уметничка фотографија “Малински Фото Фестивал“, кој се организира веќе втора година во овој град.

malinski foto festival

На Фестивалот се изложени најдобрите фотографии коишто минатата година година добија први награди и беа избрани за најдобри во интернационални салони.  На Фестивалот исто така свое изложбено место најдоа и клубски фотографии кзко и фотографии направени од аматери од техничкото училиште во Куманово.  Петте локации каде се одржува овој фестивал на фотографија се: Кафуле “Галерија“, НУЦК „Трајко Прокопиев“, Уметничката галерија на град Куманово, Народниот театар Куманово и во Фото клуб Куманово. На изложбата „Тумба“ се најдобрите фотографии од фото клуб Куманово. Во таканаречениот „Касапски круг„ во градот, сместени се над 80 минијатури.

malinski foto festival

Во холот на Центарот за култура изложени се фотографии на ученици. Клупската изложба ќе биде репрезентирана во Уметничката Галерија.додека на изложбата „Круг“ поставена во НУЦК „Трајко Прокопиев“ се изложени се најдобрите 51 фотографија од Фото клуб Куманово и Фото кино клуб Битола.

malinski foto festival

Целта на овој фестивал, како што истакнуваат организаторите, е фотографите  собрани на едно место, да можат да разменат идеи и искуства, но и за самата афирмација на фотографијата. Фестивалот успеал да предизвика внимание во јавноста но и поинакво доживување на фотографијата. Следната година, кога ќе се одржи Фестивалот по трет пат, организаторите се спремаат да побараат финансиска поддршка од некои институции.

Самостојни изложби на Фестивалот оваа година се планирани за Зоран Ѓорѓевиќ фотограф од Србија и Предраг Поповски од Македонија. Шестте фото проекции ќе бидат прикажани во фоајето на Народен театар Куманово, каде ќе се претстават проекциите на Лили Марковиќ од Србија, Хулки Муради од Турција, Риланд Хоџа, Александар Наумчевски и Кирил Штрков од Македонија и Ахмед Абдулазим од Египет.  Фестивалот втора година по ред го организира Фото клубот од Куманово.

Слични статии