Култура
stariot amam

Заштита на Стариот амам во Тетово

Активностите кои се одвиваат на стариот амам во Тетово се во завршна фаза а се работи на заштита, конзервација и санација на објектот. Проектот се одвива во четири фази, од кои првите две се реализирани во 2012 и 2013 година, а се изведува од страна на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје. Со оглед на оштетувањата на ова вредно културно наследство, особено во делот на куполите, предвидена е санација на целиот објект од страна на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје.

Активностите за заштита на Стариот амам во Тетово, кој претставува споменик на културата од османлискиот период, се довиваат со финансиска поддршка на Министерството за култура.

За целосна реализација на проектот, надлежната установа склучи договор за финансирање со Турската агенција за соработка и координација – ТИКА според кој, во координација на двете институции, ќе се спроведат сите потребни мерки за заштита, односно санација на објектот.

Во согласност со усвоената динамика, предвидено е решавање на проблемот со влагата во објектот, конзерваторски зафати за консолидација на куполите, односно санирање на пукнатините направени под влијание на временските услови. Исто така, предвидена е превентивна интервенција во внатрешноста на објектот, како и изработка на дренажен канал, канал за одвод на атмосферска вода, рампа, оградни ѕидови, фасади, покрив, третман на вертикални ѕидни површини во просториите на објектот и третман на вертикални сферични површини.

Финализацијата на активностите од областа на непосредната заштита е планирана до крајот на 2015 година

Слични статии