Култура

Ексклузивни експонати на изложбата „Кокино тврдина на сонцето“

Околу 150 експонати пронајдени на локалитетот Кокино, беа изложени за јавноста, со изложбата во Уметничката галерија во Куманово, насловена „Кокино тврдина на сонцето”. Со оваа изложба за првпат се претставуваат на јавноста ронајдени предмети од овој локалитет.

Публиката има можност да разгледа керамички садови, камени алатки, примероци од најстарите откриени калапи за леење бронза, култни фигурини и раритетни метални предмети.

Изложбата, претставува своевидна археолошка панорама на дел од богато минато и на креативниот континуитет на предците од далечните столетија на нашата историја, рече мионистерката за култура која ја от6вори изложбата, Елизабета Канчевска-Милевска.

 

Kokino1

Дел од формите на садовите, како и нивната декорација, се единствени од ваков вид и нивната уникатност се должи на фактот што се изработени со цел да послужат како дарови за светилиштето кое се наоѓа на врвот од овој локалитет.

Изложбата е дел од проектот на Министерството за култура „Кокино – македонски бренд“, преку кој  се  настојува да се афирмира нашата мегалитска опсерваторија Кокино која се наоѓа на високото четврто место на најстарите опсерватории во светот, но и да се промовира непроценливото археолошко богатство на овој локалитет.

Оваа година се навршуваат 15 години од првите археолошки истражувања на локалитетот Татиќев камен, познат како Кокино и по тој повод Археолошкиот музеј на Македонија организира Меѓународниот научен симпозиум тема  „Кокино – археолошки и астрономски аспекти – паралели и искуства“, на кој на 24 и 25 јуни повеќе звучни имиња од областа на археологијата и астрономијата ќе разменат мислења и ставови за Кокино и неговото значење во светски рамки.

На симпозиумот ќе учествуваат британскиот астроном, археолог и академик Клаj Фраглес, Горан Херинксон од Шведска, Валерија Фол од Бугарија, нашиот археолог и редовен професор Драги Митревски, археологот и истражувач Александар Булатовиќ од Србија, Филип Михајлов од Бугарија и други истражувачи.