Култура

Изградбата на обиколницата му пресуди на Стајковци!

Живко Велјановски е универзитетски професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација. Во изјава за „Фактор“ вели дека околу врнежите и околу количните со вода кои се настанаа со поплавите не може да зборувам, но може да зборува како се случувалo проектирањето на скопската обиколница, објави Фактор

„Знам дека ние, како Градежен факултет бевме ревизија на основниот проект за скопската обиколница.. Колку што се сеќавам ние професорите во нашата ревизија на основниот проект на обиколницата, баравме да се прифатат атмосферските води од над обиколницита, да не одат под патот и директно водите да се слеваат во Стајковци, туку инсистиравме да се обезбеди тие атмосферски води да не одат ниту над, ниту под патот, туку да се направи проект за да тие води се слеваат на безбедно, во Вардар.

Одговорот тогаш беше дека ќе се направи проект, но колку што се сеќавам таков проект кај нас не беше дојден на ревизија. Не знам и не можам да кажам дали сега поплавите во Стајковци се токму поради ова“, изјави Велјановски.

И останатите експерти сметаат дека причините за поплавите се во соголеноста на падините на Скопска Црна Гора , малите дренажни канали, непланската градба.

Сите се согласни дека толку дожд во Скопје немало одамна но дека и човечкиот фактор е виновен за случувањата.

Tagged with:

Слични статии