Култура

„Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори 37. ИФФК „Браќа Манаки“

 

Годинешноѕо 37. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе започне со  македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија.

Менаџерскиот тим на фестивалот на денешната прес-конференција во Битола информирал дека фестивалот ќе го затвори премиерата на новиот македонски игран филм „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски и ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

Директорот на фестивалот Благоја Куновски-Доре на денешниот прес информирал дека од 10 до 17 септември ќе бидат реализирани 10 различни филмски програми, 150 филмови, од 50 држави во светот. Ќе бидат доделени награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Роби Милер и Џон Сил, а добитник на специјалната „Златна Камера 300“ е Федон Папамихаил.

Во конкуренцијата за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ овој пат ќе бидат 14 врвни кинематограферски остварувања кои се селектирани од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција, а по еден и од Карлови Вари, Ротердам и Гетеборг.

Simon Peri

Сајмон Пери продуцент на филмот „Пред дождот“

Годинава, ѕвезди се кинематограферите, присутни се  дури три врвни светски кинематограферски имиња. Од ИФФК „Браќа Манаки“ потврдија дека седуммина од кинематограферите од главната програма ќе бидат гости во Битола, а Интернационалното жири ќе го предводи американскиот кинематографер и режисер Федон Папамихаил, кој, воедно е и годинашен добитник на Специјалната Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.

Во жирито ќе членуваат и Клер Пијман, кинематограферка од Холандија, Алин Ташчијан, филмска критичарка и претседателка на Меѓународната асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, Ѓокан Тирјаки, кинематографер од Турција и Владимир Самоиловски, кинематографер од Македонија. Друштвото на филмски професионалци на Македонија (ДФРМ), наградата „Голема Ѕвезда“ за исклучителен придонес за македонската кинематографија ќе му ја додели на светски познатиот продуцент Сајмон Пери, кој го продуцираше најуспешниот македонски филм „Пред дождот“. За време на фестивалот во Битола ќе бидат емитувани и поновите остварувања на филмските автори од Македонија, со кратки играни и документарни филмови и еден целовечерен игран филм.

Автор: