Култура

Канадскиот пејач Леонард Коен почина на 82 години

Канадскиот пејач, композитор и поет Леонард Коен почина на возраст од 82. Оваа вест била објавена на неговата официјална страница на Фејсбук, но не се наведуваат деталите за причината за смртта, објави ББС.
“Со длабока тага известуваме дека легендарниот поет, текстописец и уметник, Леонард Коен почина”, се вели во соопштението.
“Со голема тага ја примив веста за смртта на легендарниот Леонард Коен”, изјавил канадскиот премиер Џастин Трудо.
“Тој ќе биде запаметен по неговите груби вокали, хуморот и прогонувачките текстови што го направија  миленик на многу генерации, осовено беше познат по хитовите хитови „Алелуја“ и „Танцувај со мене до крајот на љубовта“ (Dance Me to the End of Love).Синот на Коен, Адам, изјавил дека татко му починал во својот дом во Лос Анџелес со чувство и знаење дека го завршил еден од неговите најголеми записи. “Тој пишувал до последните моменти од неговиот живот со својот уникатен бренд за хумор”, се вели во соопштението. Тој го реализираше својот последен албум сминатиот месец.

Продуцентот, Џон Лисо (John Lissaue) кој работел со Коен на „Алелуја“, како и на серија на албуми во 1970-тите и 1980-тите години, го опиша како “речиси митски” пејач.
Во изјавата за ББС Радио 4 тој вели: “Тој беше исконска фигура, бидејќи времетраењето му беше толку големо и тој беше толку доследен во неговата посветеност на работата и неговото снимање“. Последниот албум „Го сакате тоа потемно“ You Want It Darker, доби позитивни критики а Ролинг Стоун го прогласи за “триумф на крајот на кариерата’, додека „Телеграф“ го опиша како “темно ремекдело“ доделувајќи му пет ѕвезди, додека „Гардијан“ го оцени како “мудар и искрен”.

Коен беше роден во канадската провинција Квебек, каде како тинејџер формираше фолк група и ги издаде првите песни. По матурата се пресели на грчкиот остров Хидра од каде ја објави првата колекција поезија и две новели. Се преселил во Њујорк во 1966 и ја започна музичката кариера по средбата со фолк-пејачката Џуди Колинс. Набрзо стана познат како пишувач на песни кои имаа големо влијание врз други познати музичари од тој период. Во следните две децении продуцираше безброј песни и албуми.

Но, во 1995 Коен ја прекина музичката кариера и стана будистички монах. Се нарекуваше себеси Џикан, што значи тишина, и не објавуваше песни цели шест години. Во 2005 беше откриено дека неговиот долгогодишен менаџер крадел пари од неговиот пензиски фонд во износ од околу 5 милиони долари. За да си ги врати средствата Коен започна епска светска турнеја меѓу 2008 и 2013, со вкупно 387 настапи.

 

Автор:

Слични статии