Култура

Алоја вера – еликсир на вечната младост

Постојат околу 300 вида на алоја вера, но најпознат е видот Aloe Barbadensis Muler кое расне мна континентот Америка. Се нарекува уште и билка на бесмртноста, најчесто успева во најтоплиот тропски појас, но го има и кај нас кое се одгледува во домашни услови.

Руски народен лек со Алоја

  • 300 грама листови од алоја кактус . Листовите треба да се земат од кактус стар од 2 до 5 години и пред берењето не треба да се наводенува 5 дена-
  • 700 мл. Квалитетно црно вино, по можност домашно-
  • 400 грама мед со саќе-
  • 500 мл. чист алкохол од аптека 75-95%-
  • 500 грама цикорија, лист и цвет, или само корен. Ако не сте во можност да набавите од оваа билка, тогаш може и да се купи кафе цикорија.

Листовите се мелат заедно со медот со саќе а потоа се мешаат и другите состојки. Се става во тегла и се остава да стои на темно најмалку пет дена пред употреба. Најдобро е да се процедува количина за една недела, а останатото да стои во тегла. 

Рецепт: 

  • ¼ чаша алое вера гел и ситно сечкани млади листови
  • 1/8 лажичка лимонска киселина 
  • ¼ лажичка витамин Е масло 
  • 1 лажичка кокосово масло
  • Се комбинираат сите состојки во блендер и се мешаат до добивање на хомогена смеса, а потоа се става во сад со цврст капак. Гелот може да се чува во фрижидер до 1 месец. Овој гел е голема помош за изгореници и кожни проблеми (вклучувајќи воспаленија). Тој ја  лади и хидрира кожата. Нанесете го на болниот дел од кожата, и веднаш ќе почувствувате олеснување. Исто така, гелот може да се користи како дел од други рецепти врз основа на алое вера, со додавање на други состојки кон него.
  •  Алое вера е билка која содржи повеќе од 280 потврдени состојки, полезни за човековото здравје, па со право се нарекува најкомплексно растение 
  •  Преработката на самото растение е можеби и најбитната работа, зашто за 5-6 часа по откинувањето на алоето се губат корисните состојки 
  •  Алоето покрај другите го користела и најубавата жена на светот, Клеопатра, за негување на нејзината убавина 
  • Алоето е најдобриот имуностимулатор и имуномодулатор 
  •  Содржи природен против-воспалителен ефект 
  •  Најчесто споменуваните позитивни критики се за успешното справување со стомачните тегоби и проблемите на дигестивниот систем, псоријазата, егземата и други кожни болести 
  • Многу погрешно е мислењето дека алоето е лек против рак! Тоа има силно изразено антиканцерогено дејство (има својство да ги препознава слободните радикали и успешно да се справува со нив)
  • Алоето е идеално за постоперативен третман, закрепнување на организмот 
  • Алојата е одлична за секој здрав човек. Алојата ви помага да го одржите вашиот организам во одлична форма. 

Во најраните времиња употребата била фокусирана на горчливиот „сок“ кој се користел непрекинато од античко време како моќен прочистувач, а врвот на својата популарност ја достигнал во 18-ти и 19-ти век во Англија, кога како таблети се земал после вечерата. Постојат докази дека активните супстанци се фенолни соединенија, познати како антрахинони, кои им го даваат лаксативниот ефект на мешунките. Зголемениот интерес за гелот во модерното време започнал во САД во 1930 година, откако докторите откриле дека помага во заздравувањето на оштетувањата и изгорениците на кожата предизвикани од рендген зраците и станал исклучително популарен како третман за рак, егзема, па дури и за отстранување на влакна во тоа време. Многу време пред ова, Кинезите го користеле гелот од алое вера за лечење на дерматитис. Во Индија луѓето го користеле при воспаленија на очите и зглобовите, со векови. На Јава го користеле за изгореници, а помешан со ружина вода, го пиеле за лекување на туберкулоза и гонореја. Малезијците и Мексиканците користеле пресувани плочки од гел за лечење и на свраб и на тумори. 

Од настинки, кашлици, бронхитис, оштетувања на кожата, па дури и до лекување на ќелавост, се чини нема нешто што некој, некаде не го лечи со алое вера. Овој леплив гел, денеска наоѓа извонредно голема примена. Како хербален лек се користи за лекување на болести и изгореници на кожата, па се до дигестивни проблеми. Како балзам се користи во козметиката и средствата за лична хигиена, во лосионите, антиперспирантите, детергентите, па дури и во тоалетната хартија. Во вид на прав се додава и во храната, како суплемент за подобрување на здравјето. Тој е еден од најмногу употребуваните природни продукти во свет.

Автор:

Слични статии