Култура

Ајдучката трева е лек за сите болести

Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како„лек против сите болести”.  Затоа таа се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Ајдучката трева  може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina). 

Бела ајдучка трева

Ајдучката трева е една од највредните лековити билки. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло. Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум. Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките. 

  • поволно влијае на органите за варење
  • делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца
  • го запира крвавењето од белите дробови
  • има благо седативно дејство
  • делува како антисептик и аналгетик
  • чајот од ајдучка трева може да се каже дека помага и при ангина пекторис (во вид на чај само), анксиозност, гастритис, гихт, грчеви во стомакот, недостаток на апетит, нервоза, несоница, осип, зголемен крвен притисок (делува како диуретик), шеќерна болест, чиреви, хемороиди (поради витаминот Ц кој го содржи), ревматизам и друго.
  • облогите и купките помагаат кај брадавици, испукани раце, осип, отворени рани, псоријаза, исеченици и изгореници, кожни болести…
  • лековитите препарати од ајдучка трева во комбинација со други лековити билки лечат колитис, гастритис, грчеви во желудникот и цревата
  • калиумот кој се наоѓа во оваа билка помага во работата на бубрезите, срцето и крвотокот
  • ја прочистува крвта и органите за варење
  • помага кај болести на црниот дроб и жолчката, затоа што ја прочистува крвта
  • чај од ајдучка трева се користел како народен лек кај жени кои имале проблеми со менструалниот циклус и цисти на јајниците

Во народната медицина ајдучката треба зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во климаксот. Една шоља чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на припаднички на понежниот пол. Директно делува на коскената срцевина и во неа поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Затоа кај болестите на коскената срцевина, па и кај гноењето на коските, кога лекарствата не помагаат, треба да се применуваат терапии со чај од ајдучка трева.

Купки од ајдучка трева

Сто грама ајдучка трева ( цела билка ) да се остави цела ноќ да биде во студена вода, наредниот ден затоплувајте ја водата со ајдучката трева додека не проврие, а потоа додадете ја во водата за капење.

Жолта ајдучка трева

Свештеникот Кнајп во своите списи кажува: „Жените би биле поштедени од многу болести кога на време би почнале да ја користат  ајдучката трева!” Болките предизвикани од воспаление на јајници често престануваат веќе по првата купка од ајдучката трева, а воспалението постепено се смирува. Купките се успешни и кај мокрење во кревет кај деца и стари лица. Во случај на миоми, купката треба да се применува секојдневно подолг временски период, додека на лекарската контрола не се потврди дека резултатот е негативен. Жените во климакс би требало да пијат чај од ајдучката трева затоа што овој чај ќе го намали внатрешниот немир и другите тегоби.

Ајдучката трева е ефикасна и во третманите за лекување на мигрена, несвестица, ги елиминира нагоните за повраќање, помага при солзење и голема секреција на очите, крварење од носот и др. Таа е одлична за прочистување на телото, регулирање на хормоните и стабилизација на метаболизмот, како и за чистење на црниот дроб, при состојби на труења, вирусен хепатит и други болести кои го напаѓаат црниот дроб. Делува моќно и е одлична за смирување на нервниот систем во состојба на психичко растројство. Се користи при несвестица, мигрена, нагон за повраќање, за очни болести. Се користи и за женски болести, при мокрење во кревет кај деца и стари луѓе. Ајдучката трева директно делува на коскената срж и на создавање на црвени крвни зрнца. Се употребува како антитромботичко средство при мозочни удари. Има јако антибактериско дејство против стафилококи, еширихија, кандида и други инфекции.

Download Swiss Ball Training Exercise PRO Mod APK v1.0.1 – Unlimited Money hcg 10000 iu for sale the pioneering spanish company in healthy eating fitstore – fvv press

Автор:

Слични статии