Култура

Почина Крис Корнел на 52 години

Крис Корнел, фронтменот на Аудиослејв, почина на 52 години. Корнел починал во средата ноќта, по информациите од неговиот  човек за односи со јавност. Неговата смрт е опишана како неочекувана и изненадувачка. Се уште се очекува обдукцијата за да се утврдат причините што довеле до смрт. Корнел е роден во 1964 во Сиетл а го формираше бендот Саундгарден. По распаѓањето на бендот тој издаде пет соло албума откако прекина со Саундгарден. Во 2001 година откако Зак де ла Рока ги напушти Рејџ Агенст Д Машин, Корнел и членовите од тој бенд го формираа бендот Аудиослејв. Пред да се разделат во 2007 година, издадоа три албуми.

 

 

Автор:

Слични статии