Култура

Информативни сесии за апликанти на конкурсот за „Нов културен бран“

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста и сите потенцијални апликанти на конкурсот за Манифестацијата „Нов културен бран“ дека ќе организира информативни сесии, со цел граѓаните и сите заинтересирани страни да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и Манифестацијата и да ги дознаат сите информации кои им се потребни за подготвување на поуспешна апликација.

Информативните сесии ќе се одржуваат по следниов распоред:

–       Првата информативна сесија ќе се одржи на 07.08.2017 (понеделник) со почеток во 14 часот, во просториите на Министерството за култура;

–       Втората информативна сесија ќе се одржува онлајн на 09.08.2017 (среда), на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/ , од 14 до 16 часот

–       Третата информативна сесија ќе се одржи на 11.08.2017 (петок) со почеток во 14 часот, во просториите на Министерството за култура;

Конкурсот за Манифестацијата „Нов културен Бран“ е распишан на 31.07.2017. Првиот конкурсен рок трае до 14.08.2017, а вториот од 16.08.2017 до исцрпување на буџетот за манифестацијата. Културните настани, за чие организирање се доделуваат средства преку овој конкурс, треба да се организираат од почетокот на септември до крајот на октомври 2017, односно до исцрпување на буџетот за „Новиот културен бран“. Поподробни информации за конкурсот и документите за аплицирање можат да се пронајдат и подигнат на следниот линк: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/2974-manifestacija-nov-kulturen-bran-2017 

Автор:

Слични статии