Култура

Ги путер – ајурведски лек за многу болести

Што е Ги путер

Ги (Ghee) е прочистен путер којшто се добива при процес на готвење на путер на ниска температура. Ги-путерот во својот состав е најслична маснотија со човечкото тело и ја има способноста да продира до сите делови од телото  каде врши позитивно влијание на многу телесни и ментални функции. Во текот на готвењето на путерот водата испарува, а тврдите млечни состојки се издвојуваат и собираат со лажица. На таков начин се добива вкусно и мирисно масло без било какви додатоци. Ги путерот не мора да се држи во фрижидер, ако правилно се направи, тој нема да се расипе.

Ги путерот игра многу важна улога во ајурведската кујна, го збогатува вкусот на храната, отпорен е на топлина и е прикладен за пржење. Учителите на јога тврдат дека Ги ги штити зглобовите, додека ајурведските лекари го препорачуваат за цела низа болести – од лоша пробава до губење на памтење

Лековити својства на Ги-путер

Ги е чиста и лековита намирница којашто содржи заситени и незаситени масни киселини. Без оглед на заситените масни киселини, Ги го намалува нивото на штетниот холестерол во крвта.

Ги не содржи казеин и лактоза, поради што е погоден за оние кои се алергични на млеко. Не содржи сол, шеќер, арома или конзерванси.

Ги путерот ги има следните својства:

  • Ја подобрува меморијата
  • Ја јакне интелигенцијата
  • Регулира столица
  • Ги штити зглобовите
  • Го подобрува видот
  • Го јакне имунитетот
  • Ја зајакнува виталноста
  • Го успорува процесот на стареење
  • Го забрзува зараснувањето на повредите
  • Ги чисти крвните садови
  • Го намалува нивото на штетниот холестерол

Подготовка на ајурведски лекови со Ги путер

Во ајурведата Ги се користи како база или носител на лекови. Ги ја подобрува екстракцијата, абсорпцијата и асимилацијата на лековитоста на билките.

Состојки

  • Еден дел на лековити билки
  • 4 дела на Ги путер
  • 16 делови вода

Подготовка:

Ставите ги во сад сите три состојки и варете на ниска температура се додека водата не испари. Кога ќе се олади во него може да се додаде витамин Е, како природен конзерванс. Кога се употребува Ги во комбинација со билки, тој ги пренесува својствата на билките до сите станици на организмот. Ги се употребува и е одличен за масажа на телото, кое го впива Ги-путерот и до 60 проценти.

Како да направите Ги путер

Да се направи Ги путер е многу лесно. Потребен ви е сад од челик со дебело дно и 1-2 кг. неслан путер (маслац).

  1. Ставете го путерот во садот и загревајте го на нисла температура, се додека не се истопи
  2. Сега можете да ја зголемите температурата. Кога путерот ќе зоврие, повторно намалете ја температурата на минимум.
  3. Оставете го путерот да се вари на ниска температура и одвреме на време, со лажица отстранете ја белата пена која се појавува на површината. Не треба да се меша путерот.
  4. После 40-50 минути путерот ќе стане проѕирен. Ќе се почувствува фин мирис, а на дното на садот ќе има карамелизиран кафеава млечна маст.
  5. Оставете го путерот малку да се излади.
  6. Процедете го низ газа или низ крпа во стаклена тегла. Кога потполно ќе се излади теглите затворете ги.
  7. Кога ќе се излади потполно, Ги би требало да има убава жолта боја.
  8. Ги може да се чува на собна температура. Рокот е неограничен.

Автор:

1 Comment

  1. Scetlana Sopica 21 ноември, 2020 at 13:22

    Koj ajrvedski lekovi mozat da se spremaat so gi butero