Култура

Костените ја имаат бојата на есента

Сезоната на костените доаѓа со есента, ги има и во зимата кога се главен неизоставен дел од трпезата за време на христијанскиот празник Божиќ. Покрај тоа што се многу вкусни, причина дека треба што почесто да ги консумираме е нивната хранлива вредност којашто придонесува за лечење на повеќе болести, го чува срвето и бубрезите.

 

Дневната доза од 85 грама костени содржи дури 45% од дневните потреби на организмот за витамин Ц. Плодот на костенот е богат со фолати, што е инаку карактеристика на зелениот лиснат зеленчук. Во него, освен витамин Ц, ќе ги пронајдете и витамините Б1, Б2 и Б6, заедно со фолна киселина. Таа е заслужна за формирање црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Станува збор за храна која е добра за трудниците, бидејќи спречува појава на аномалии кај фетусот. Со консумирањето костени, во организмот ќе внесете и важни материи како хранливи влакна, магнезиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк и калиум, содржи Б1, Б2 и Б6, одличен извор e на влакна кои[to го смалуваат нивото на холестерол.

Од костенот може да се прави и брашно и пире, бидејќи тоа, како и лешникот и бадемот, е без глутен. Од друга страна, има поголем процент на скроб, заради што е сличен како компирот и пченката.

Во народната медицина костенот се користи за ослободување од дигестивни и бубрежни тегоби, а чајот од костени одлично се бори против симптомите на бронхитис и астма.

Го исфрла вишокот вода. Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па со тоа помага при проблеми со бубрезите и желудникот. Помага и кај циркулацијата и протокот на храната низ цревата и водата.

Делува против воспаленија. Заради своите антивоспалителни својства, костенот е идеална намирница за луѓето кои патат од артритис и реума.

Чај од костен. Костените се познати по тоа што помагаат при дигестивните и бубрежните тегоби. Чајот од костен помага и при симптомите на астма и бронхитис.

Костенот го чува срцето. Костенот содржи високо ниво мононезаситени масти, како што се олеинските и палмитинските масти. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и ќе помогнат, заедно со хранливите влакна во костенот, да се намали нивото на холестерол. Костените содржат помалку масти од останатите јаткасти плодови и имаат висок процент на скроб и витамин Ц. А, одлично е што, во продавниците за здрава храна може да се најде и костеново брашно кое се користи за правење на леб и печива. Ова брашно е совршено за лицата кои патат од глутенска интолеранција, бидејќи не содржи глутен.

Покрај ова еве уште неколку причини зошто треба почесто да ги јадеме костените.

Костените брзо ве заситуваат. Поради високата содржина на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, многу брзо се чуствувате заситени. Затоа, тие се погодни за лица кои сакаат да ослабнат.

Добри се за забите и за коските. Поради комбинацијата на калциумот, фосфорот и магнезиумот кои се содржат во костените,  тие се исклучително корисни за коските и забите.

Костените ја стимулираат функцијата на нервниот систем. Поради присуството на минерали и витамини од Б групата, влијаат поволно на нервниот систем и спречуваат невролошки промени на мозокот.

Ги содржат сите есенцијални амино киселини. Погодни се за вегани за постари луѓе и спортисти.

Брашното од костени не содржи глутен. Башното од костени  е идеално за лица кои имаат целијакија и се интолерантни на глутен.

Костените се добри  против анемија. Поради присуството на минералите тие помагаат при  анемија и замор.

Костените имаат позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем. Помагаат во воспоставувањето на односот на омега 3 и 6 масните киселини, со што го штитат срцето и крвните садови.

Помагаат  на лица со висок крвен притисок.Поради ниската содржина на натриум, а високата концентрација на калуим во костените, претставуваат одлична храна за лицата кои боледуваат од хипертензија. Нивното диуретично дејство, ги прави погодни за лица на кои им се задржуваат течности во организмот.

Благопријатно делуваат на дигестивниот систем и го помагаат имунитетот. Костените се богати со растителни влакна и поради тоа ја помагаат перисталтиката на цревата, ја подобруваат функцијата на цревната флора, а со тоа спречуваат и опстипација. Тоа се многу позитивни особини кои сите заедно влијаат на подобрување на имунитетот.

Можат да ги консумираат и дијабетичари. Поради бавната апсорпција на јаглехидратите, костените не го подигаат нагло инсулинот во крвта и затоа можат да ги консумираат и лицата заболени од дијабетес.

Див костен

Најновите истражувања покажале дека дивиот костен содржи значителни количини на П-витамин, којшто ја зголемува отпорноста на капиларите, ја зголемува нивната пропустливот и ја подобрува микро циркулацијата. Исто така, П-витаминот ја зголемува отпорноста кај инфекциите. Помага при крварење и модрици, пукање на капилари, болести кај вените. Тинктурата која се добива од цветовите на дивиот костен се користи за масажа кај ревматизам, неуралгија и гихт.

За проширени и натечени вени се користи маст која се подготвува од 20 грама екстракт од див костен помешан со 60 грама ланолин (мрсна состојка што е добива од овчја волна). Намажаните места треба да се покријат со завој.

Ублажување на ревматски тегоби. Плодот на дивиот костен се вари толку долго, се додека содржината не се згусне. Ова се додава во топла купка и се меша се доеека не се запени. Во вака подготвена купка се потопуваат или се стават облоги на делови од телото.  Дивиот костен како лек се користи кај проблемите со проширени вени и испукани капилари, кај хемороиди, болни менструации и зголемена простата.

 

Автор: